Кои сме ние

Ние сме вашите другари од маалото и вашите пријатели во неволјите.

Ние сме вградени во историјата на Република Македонија и заедно со вас ја градиме иднината на Република Македонија.

Ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сме цврсто определени за економски стабилна, слободна и демократска Република Македонија во којашто сите граѓани сакаат да живеат во својата земја.

Затоа, градиме општество на еднакви граѓани, на бројна и стабилна средна класа, со праведен даночен и социјален систем, држава со мотивирани и енергични млади луѓе, Македонија на сите: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи и други, Република Македонија - достојна членка на Европската унија и НАТО.

Во нашите политики граѓанинот е на прво место. Секој има право на збор, право на мисла, секој има право на слободен избор.

Ги штитиме децата, работниците, земјоделците, самохраните родители. Сметаме дека секој треба да има покрив над главата и пристојна работа. Ги поддржуваме домашните претпријатија и капацитети. Се заложуваме за квалитетно јавно здравство за сите и квалитетно образование за сите по успешни примери од земји од Европската унија; за енергетска ефикасност; за модерна и безбедна патна инфраструктура; за слободни медиуми; за независно судство; за професионална полиција на граѓаните; за професионална администрација за граѓаните; за почит на идентитетот на творците и отворена култура; за развиени и самостојни општини; за здрава и чиста животна средина; за достојна Армија; за толеранција и мир; за регионална и меѓународна соработка.

Работиме здружено, солидарно, одлучно, храбро и со цврста верба, на реална Програма за заедничка и напредна Република Македонија.

И ти можеш да дадеш свој придонес или да бидеш дел од нас.

Приклучи се!

Зачлени се!

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени