КОНГРЕС

Конгресот е највисок орган на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Конгресот на СДСМ го сочинуваат: по еден делегат на определен број членови од општинските организации на СДСМ, утврден со одлуката за свикување на Конгресот; претседателот на СДСМ; заменик претседателот на СДСМ; генералниот секретар на СДСМ; членовите на Централниот одбор на СДСМ и на Надзорниот одбор на СДСМ; претседателите на општинските организации, членовите на Градски одбор на Градската организација на СДСМ - Скопје, претседателот на СДММ и координаторот на Форум на жени на СДСМ, односно вршителите на овие функции во моментот на одржувањето на Конгресот; членовите на Пратеничката група на СДСМ, министрите и замениците-министри избрани од листата на СДСМ и градоначалниците од редовите на СДСМ.

Мандатот на делегатите на Конгресот трае 4 години.

***

На најновиот, 19 Конгрес на СДСМ, одржан на 13.12.2015 година усвоена е Изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за изборите во 2016 година.

Актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев е избран на14 Конгрес на СДСМ, одржан на 02.06.2013 година.

***

Во продолжение се редоследно наведени датумите на одржувањето на конгресите на СДСМ и донесените одлуки, од нивниот почеток.

1 Конгрес на СДСМ е одржан 20.04.1991 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски.

2 Конгрес на СДСМ е одржан на 21. и 22.04.1995 година.

На конгресот се избрани носители на функции и членови на органи. За претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски.

3 Конгрес на СДСМ е одржан на 06.02.1999 година.

На конгресот се избрани носители на функции и членови на органи. За претседател на СДСМ е избран Брано Црвенковски. За секретар е избран Ѓорги Спасов. За потпретседатели се избрани Владо Бучковски, Томе Тромбев и Радмила Шекеринска.

4 Конрес на СДСМ е одржан 08.02.2003 година.

На конгресот се избрани носители на функции и членови на органи.

За претседател на СДСМ е избран Брано Црвенковски. За секретар е избран Никола Ќуркчиев. За потпретседатели се избрани Владо Бучковски, Илинка Митрева и Радмила Шекеринска.

5 Конгрес на СДСМ е одржан 25.11.2004 година.

На вондерниот конгрес, за претседател на СДСМ е избран Владо Бучковски. За секретар е избран Никола Ќуркчиев. За потпретседатели се избрани Илинка Митрева и Радмила Шекеринска.

6 Конгрес на СДСМ е одржан на 05.11.2006 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседателка на СДСМ е избрана Радмила Шекеринска. За секретар е избран Горан Минчев. За кандидати за потпретседатели се утврдени Зоран Заев, Игор Ивановски и Јани Макрадули.

7 Конгрес на СДСМ е одржан на 24.02.2007 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседателка на СДСМ е избрана Радмила Шекеринска. За секретар е избран Горан Минчев. За потпретседатели се избрани Зоран Заев, Игор Ивановски и Јани Макрадули.

8 Конгрес на СДСМ е одржан 18.09.2008 година.

На конгресот за претседател на СДСМ со ограничен мандат до следниот конгрес е избран Зоран Заев. За секретар е избран Игор Ивановски. За потпретседатели се избрани Јани Макрадули, Магдалена Несторовска и Љубомир Јанев.

9 Конгрес на СДСМ е одржан 24.05.2009 година.

На конгресот за претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски.

10 Конгрес на СДСМ е одржан 07.06.2009 година.

На конгресот се избрани носители на функции на СДСМ. За претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски. За секретар е избран Андреј Петров. За потпретседатели се избрани Гордан Георгиев, Зоран Заев и Зоран Јовановски.

11 Конгрес на СДСМ е одржан 12.09.2009 година.

На конгресот се донесени Статут и Програма на СДСМ.

12 Конгрес на СДСМ е одржан 02.05.2011 година.

На Конгресот е усвоен Предлог за кандидатски листи за пратеници на СДСМ за вонредните парламентарни избори.

13 Конгрес на СДСМ е одржан 03.07.2011 година.

На конгресот е утврдена доверба на органите на СДСМ.

14 Конгрес на СДСМ е одржан на 02.06.2013 година.

На Конгресот за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев.

15 Конгрес на СДСМ е одржан на 30.06.2013 година.

На конгресот за заменик претседателка е избрана Радмила Шекеринска. Донесен е новиот Статут на СДСМ и донесена е Одлука за кооптирање на членови на Централниот одбор на СДСМ.

16 Конгрес на СДСМ е одржан 04.03.2014 година.

На конгресот е утврден Стево Пендаровски за кандидат на СДСМ за претседател на Република Македонија.

17 Конгрес на СДСМ е одржан 23.03.2014 година.

На конгресот е утврдена Листа за предлагање кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

18 Конгрес на СДСМ е одржан 11.05.2014 година.

На конгресот изгласана е доверба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Изгласана е доверба на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Изгласана е доверба на членовите на Централниот одбор и на Надзорниот одбор.

19 Конгрес на СДСМ е одржан на 13.12.2015 година.

На Конгресот е усвоена Изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за изборите во 2016 година.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени