mchi

Прес центар

Заев: Очекувам учество на опозицијата во Собранието, да продолжат процесите во интерес на граѓаните

dbi

25.12.2017

Изјава за медуми,
Зоран Заев претседател на СДСМ
Скопје, 25.12.2017

 

Очекувам конструктивно учество на опозицијата во Собранието, да продолжат процесите во интерес на граѓаните

Како што бевте известени, судот денеска не можеше да одлучува заради тоа што предметот од Апелација по наша жалба се уште не е завршен. Ние баравме изземање на судиката, се надевам дека брзо ќе се донесе одлука, за да може да продолжи судскиот процес којшто е закажан за 29 јануари во 10 часот.

 

Одговори на новинарски прашања

П1: Што очекувате од апелација, бидејќи тоа се решава денеска?

Очекуваме нашата жалба да биде прифатена, но секако што и да одлучи судот ќе ја почитуваме постапката и ќе знаеме како да продолжиме понатаму. Жалбата е суштествен дел на самата постапка, се однесува на тоа дали јавно објавените ПИ мерки во продолжение на рочиштето ќе бидат доказ или не. Јас сакам таа снимка да биде обелоденета, јавно достапна до сите за да можат да ја видат сите комплетно, без деловите каде што е пресечено, заради тоа што не само што сум убеден во добивање на правдата и потврда за мојата невиност, туку важен е и образот поради тоа што извршувам висока политичка функција.

П2: Дали сте информирани до каде е истрагата за тоа? Зошто протече таа снимка, во нормални држави за таква работа оставка дава и државниот обвинител?

Кога би бил политичар и премиер кој има контрола врз правосудството досега и ќе знаев кој е одговорен и како е пуштена таа снимка. По закон, единствен кој ја поседува и за неа одговара е јавниот обвинител. До ден денеска јас немам никаква информација што се случува и дали е покрената одговорност. Истрагата од самиот почеток ја води обвинителот Владимир Милошевски. Секако, ќе треба да се обратите до тие институции, односно до Јавното обвинителство за да ви дадат одговор на тоа прашање.

П3: Дали ќе имате повторно средба со Села со оглед на тоа што тие вчера рекоа дека не излегуваат од владината коалиција? Ќе имате ли средба, ќе понудите ли нешто ново или пак останува вицепремиерското место коешто претходно го нудевте?

Ние, како што знаете, повеќе од месец дена разговараме за ова прашање. Се работи за политичка партија којашто има две пратенички места. Министерството за здравство е еден од најважните ресори во Владата на Р.М. и во моментот кога беше понудено при конципирање на оваа влада, беше дадено и заради кандидатот. Многу е важно и кои личности ги предлагаат самите партии, а тогаш беше за господинот Арбен Таравари и затоа сега не можевме да правиме паралели од ваков тип и ова место остана да биде под СДСМ. Ние го понудивме местото потпретседател за реформи, имајќи предвид дека е млада партија која ќе сака да се докажува, водат сериозни институции, повеќе од 20 само на централно ниво и верувавме дека тоа може да биде прифатливо за нив. Од друга страна, може да сметаме дека сите министри со работа буквално се зафатија од први ноември, по завршувањето на локалните избори. до тогаш имаа повеќе од 70-80 отсто забрани за извршување на одредени дејности и едноставно не е возможно да биде променет кој било од министрите. Господинот Таравари ниту соопшти, ниту се консултираше, ниту разговарше, јас слушнав од медиумите за неговата одлука да оди за градоначалник. И навистина, во еден момент се надевав дека нема да биде избран, за да продолжи како министер за здравство. Но, волјата на граѓаните е неприкосновена, така што тие се одлуките. Јас се надевам дека ако нивната одлука е да останат во владата, тоа значи прифаќање на потпретседател на Владата на Р.М. задолжен за реформи.

П4: Како го оценувате изборот на Христијан Мицковски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ?

Мене ми е драго што заврши конгресот на нашиот политички опоненет. Секако, тоа треба да претставува и перспектива за државата. Стабилни политички партии како ВМРО-ДПМНЕ и како СДСМ, значат и стабилност за Република Македонија. Јас очекувам конструктивен процес во Парламентот, секако и критичен осврт од страна на опозицијата. Можам само да му посакам среќа на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и сите заедно да му ја мислиме за Република Македонија.

П5: Очекувате да се вратат во Собранието и да ги поддржат реформите од Планот 3-6-9?

Јас очекувам уште во првиот момент, времената стагнација и неприсуството во Парламентот да бидат корегирани и тие да се вратат во Парламентот, заради тоа што Парламентот пред себе има многу сериозни прашања за одлучување. Еден значаен дел се реформските процеси. Од денеска па натаму треба да се бира јавен обвинител, следуваат и сериозни законски решенија, некаде во јануари и февруари ќе дојдат двотретинските закони поврзани со правосудството, ќе дојде и моделот во Министерството за внатрешни работи, Законот за медиуми, односно за аудио и аудиовизуелни медиумиски услуги. Ќе дојдат сериозни закони од реформата на јавната администрација и сето тоа покрај легално, би било и целосно легитимно со учество на опозицијата. Јас сум убеден дека опозицијата треба да биде составен дел на сето она што значи реформски процес, но и сето она што значи добри перспективи на Македонија. Таму каде што ќе успееме да се услогласиме, го очекувам и нивниот глас, онаму кадешто нема да се согласат со власта да бидат критични, да бидат против, но учеството на опозицијата е неопходно за да имаме нормални демократски процеси. И во тоа име, искрено се надевам дека ќе донесат одлука да се вратат во Парламентот и да продолжиме понатаму со важните процеси во интерес на граѓаните на Македонија.

П6: Ќе имате ли средба со Мицковски, ќе се договори ли средба да се видите, да разговарате и да се утврдат правците за понатаму? Дали има некоја покана или најава?

Не, немаме ништо разговарано. Од моја страна нема предрасуди, верувам дека нема да има ниту од негова страна затоа што долго време бев шеф на опозицијата и знам дека и тука е голема одговорноста, а не само на претседателот на владејачка партија, но знам дека во првата прилика штом се создаде потреба од наша средба јас би прифатил и ако е до мене, би го поканил.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени