mchi

Обраќања

Заев: Ги имаме шансите, ајде да сработиме со срце, за граѓаните, за Република Македонија

dbi

28.12.2017

Обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 28.12.2017

Почитувани другарки, другари, пријателки и пријатели, колешки и колеги, соработници, почитувани граѓани,

Да се направи вистинската работа, на вистински начин, во вистинско време.

Ете тоа е успех и тоа ќе биде нашиот успех во 2018 година, ако вака се поставиме во годината пред нас.

Следува важна година, во којашто перспективите на Република Македонија што ги отвораме, ќе значат и перспективи за секој од нас во оваа наша држава.

Тие перспективи, не дојдоа сами. Тие чекаа. Чекаа храбри чекори, ја чекаа вистината, чекаа мудри одлуки, чекаа сериозно лидерство.

Застанавме зад вистината. Храбро ја прозвавме правдата. Одважно, како што доликува на една најголема политичка партија се поставивме внимателно кон сите предизвици коишто беа искушение – да заслужиме да предводиме.

Но, имаат право оние кои констатирале дека успехот не се мери според позициите, туку според препреките што ќе се поминат.

Голем дел да, сработивме. СРУШИВМЕ РЕЖИМ СО ПЕНКАЛО И ГЛАС! И по ова ќе се памети 2017 година, а и сите во неа, млад и стар, политички определен или неопределен, Македонец, Албанец, Турцин, Србин, Ром, Бошњак, Влав или од каква определба и да е. Купче сме овде, едно, како што си се сплотивме во едно, во нашата заедничка, една и единствена, Република Македонија.

И ви честитам на сите кои се надминавте себе си и помеѓу ЈАС и НИЕ, избравте НИЕ. Тоа беше следниот чекор кон нашиот успех, по што ќе се сеќаваме на оваа специфична 2017 година, којашто ја почнавме со голема неизвесност, а ја заокружуваме, слободно можам да изговорам, со извесност, АКО СРАБОТИМЕ!
ПОВТОРНО, ОД НАС ЗАВИСИ!

Почитувани другари и пријатели и вие знаете, власта бара уште поголема храброст, уште поголема посветеност кон вистината, уште поголема мудрост.

Почнавме да садиме во градината. Посаденото треба да пушти коренчиња, коренчињата треба да станат корења за да го држат стеблото, стеблото треба да пушти гранки, гранките листови, на листовите им треба и сонце и вода, и потоа се раѓа плодот. И овој процес во природата, е патека и во општествените процеси, од посакуваниот почеток, до очекуваните резултати.

Јас сакам да порачам, да бидеме внимателни во секоја стапка, за да ја сочуваме секоја фиданка којашто е потенцијално стебло со плод.

Ви благодарам на сите што верувавте во 2017 и барам од вас, во 2018, да ја удвоите вашата верба, да го удвоите трпението, да го удвоите вниманитето и пред се ДА ЈА УДВИОТЕ ОДГОВОРНОСТА.

Република Македонија е пред најсериозните шанси до сега да добие чиста препорака, а потоа и датум за преговори со Европската унија и покана за членство во НАТО.

Социјалдемократскиот сојуз како никогаш досега им е потребен на Република Македонија и на нејзините граѓани, затоа што СЕ РАБОТИ ЗА ИДНИНАТА. Се работи за нашата заедничка иднина и за иднината на нашите деца во својата родна земја.

Интеграциите во Европската унија и НАТО не се само политичка и безбедносна стабилизација на државата. ЕУ И НАТО носат економски просперитет, носат инвеститори, го свртев регионот, ги видов искуствата, отвораат работни места, овозможуваат поголеми плати, повисок животен стандард, модерно општество во коешто сите, посебно младите луѓе ќе бидат мотивирани да учат, живеат, работат, да создаваат, да градат, дома.

Финансиска стабилност, радост носат за секој овие реформски процеси на коишто сме толку сериозно посветени.

И, мора сите да `не биде, за да има среќа и спокој во нашата земја. Сите. Без привилегирани. И така треба и барам да биде поставен секој од нас.

Секој е потребен. За секого има и мора да има место во ова наше општество. Подавајте рака, помагајте, работете макотрпно, трудот, желбата, цврстината, одлучноста, видовме, се уверивме, даваат резултати.

Како што вели еден поет (Ралф Емерсон) ниту еден успешен човек не се пожалил на недостиг на прилики.

Ги имаме шансите, ајде да сработиме, со срце, за себе, за нашите деца, за граѓаните, за Република Македонија.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени