mchi

Најнови вести

Кирацовски: Посветено го спроведуваме планот за живот, Македонија е на вистинскиот пат

dbi

29.12.2017

Прес конференција,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ
Скопје, 29.12.2017

 

Почитувани,

На изминати шест месеци откако СДСМ и коалицијата ја добија честа од граѓаните да ја водат нашата држава, и на прагот на новата година, отчетно и одговорно, сакам пред јавноста, да соопштам за досега направеното од Планот за живот во Македонија, за сите.

За нас, зборот е збор и тоа ќе биде главна одлика во спроведување на политиките во интерес на граѓаните.

Наследивме заробена и изолирана држава, партизирани и нефункционални институции, срушен општествен и вредносен систем, а граѓаните турнати на маргините, осиромашени и обесправени.

За само неколку месеци државата им ја вративме на граѓаните.

Денеска сите се гордееме што Македонија слободно живее, а граѓаните се во центарот на вниманието.

Заедно градиме едно општество, еднакво за сите, со институтции кои обезбедуваат исти услови за сите наши граѓани.

Уште во првите недели од мандатот значително ги намаливме непродуктивните трошоци, ја редуциравме фрекфенцијата на задолжувања, ги сервисираме напластените долгови и пренасочуваме повеќе пари кон граѓаните.

Обезбедуваме подобар животен стандард и еднакви услови за развој на бизнисот, малите и средни претпријатија.

Економијата ја стабилизиравме, ги изедначивме условите за бизнис за домашните и странските компании и ја отворивме спиралата на раст на платите.

Во интерес на сите наши граѓани, како што беше ветено, зголемена е минималната плата и таа сега изнесува 12.000 денари за сите работници, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и индустријата за обувки.

Решен е и деценискиот проблем со стечајните работници. Околу 3.500 стечајни работници денес добиваат надомест од државата во износ од 7.596 денари месечно, со што исправивме една децениска неправда.

Укината е радиодуфзната такса, давачка поради која илјадници семејства беа со блокирани сметки. Воведена е дневна евтина тарифа на електричната енергија. Секое семејство секој ден од 14 до 16 часот може да користи евтина тарифа на струјата и со можност да заштеди во сметките за електрична енергија.

Го укинавме екстерното тестирање кое што создаваше стрес кај учениците, родителите и наставниот кадар, а во тек на укинување се и казните од оценувањето на административните службеници.

Се грижиме за вистинските земјоделци. Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017 година беа зголемени за 10 милиони евра, мерката Млад земјоделец беше зголемена за 4 милиони евра.

Дополнително, со последните измени на Законот за персонален данок овозможуваме на крајот на секоја година кај земјоделците да остануваат дополнителни седум милиони евра.

Со измените на Законот за катастар на недвижности, овозможивме граѓаните да плаќаат значително помалку за катастарски усуги и геодетски елаборати. За 23 пати се намали цената на државното градежно земјиште во 58 општини.

Само за оваа година, со ребалансот, обезбедивме 60 милиони денари за поддршка и на туристичките капацитети во Република Македонија и за годишен одмор за најслабо платените работници.

Со 9 милионии евра во 2017 година ги поддржуваме активните политики и мерки за поддршка за нови вработувања и за реализација на проектот „Гаранција за млади“, зашто сакаме младите да останат во Македонија.

Обезбедивме 135 милиони денари за поддршка за малите и средни претпријатија и за поддршка на домашни гринфилд инвестиции.

Потврда за успехот на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е растот на бројот на работници во индустријата. За првите осум месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на работници во индустријата е зголемен за 1.3%.

Спиралата на покачување на платите што ја започнавме со покачување на минималната плата, ја продолжуваме со Планот за економски раст кој овозможува нови, подобро платени работни места, директна поддршка на домашните фирми и привлекување странски инвестиции.

Здравјето на граѓаните и здравата животна средина се во врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ. Наследените проблеми не се одолговлекуваат туку се решаваат.

Работиме на изнаоѓање механизми за решавање на проблемот со рудниците со што пред се ќе се заштитат здравјето на граѓаните и животната средина, а во исто време ќе се обезбеди интересот на државата.

Во соработка со дестици граѓански организации за заштита на животната средина, Владата изготви сериозни мерки за борба против загадениот воздух.

Интензивно работевме на подобрување на меѓународната позиција на земјата и односите со сите наши соседи. Денеска со гордост може да кажеме дека Македонија е позитивен пример во регионот и со исполнување на реформите цврсто чекори кон НАТО и ЕУ.

Преку посветено спроведување на Планот 3-6-9 ги отвораме перспективите на Македонија со реформи во клучните области како судството, администрацијата, Државната изборна комисија, медиумите, безбедносните структури.

Демократското општество и институциите за граѓаните ги градиме секојдневно, во соработка со граѓанскиот сектор.

Организиравме слободни, фер и демократски локални избори како потврда на нашата заложба за слободно општество и длабока почит кон гласот на секој граѓанин.

Почитувани граѓани,

Ова се само дел од мерките кои во последните месеци беа спроведени од страна на Владата и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата, а кои обезбедуваат институции во служба на граѓаните, повисок животен стандард, економски раст и повеќе пари назад кај граѓаните.

Таквиот пристап на чесно, одговорно и транспарентно работење ќе продолжи и во иднина.

Пример за тоа е донесениот Буџет за 2018 година. Овој буџет на граѓаните им обезбедува финансиска и економска стабилизација на државата, услови за раздвижување на економијата, отворање нови работни места, повисока помош за домашните претпријатија и повисоки плати во образованието, здравството, безбедноста и детската заштита.

За наредната 2018 година, освен покачувањето на животниот стандард клучни приоритети на СДСМ остануваат сигурноста на сите наши граѓани, здравјето на граѓаните, борбата против корупцијата, владеењето на правото, реформите и исполнување на децениската желба за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Продолжуваме да работиме посветено на реализација на мерките што носат живот за сите во Република Македонија.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени