mchi

Прес центар

Заев по координацијата за иницијалната рамка на Нимиц: Процесот бара инклузивност и одговорност со цел градење национален консензус

dbi

28.01.2018

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Скопје, 27.01.2018

 

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Вечерва имавме информативна средба на политичките претставници на која беа презентирани и дискутирани предложените идеи од медијаторот Нимиц, после што разменивме информации и мислења и за разговорите меѓу мене и премиерот Ципрас.

Овој процес бара инскузивност, посветеност и политичка одговороност со цел градење национален консензус во Република Македонија. Со решавањето на билатералниот спор кој трае 25 години имаме цел да обезбедиме напредок и интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и заштита на националните интереси и достоинството на нашиот народ. За да ги оствaриме овие цели неопходна е вклученост на Владата, опозицијата, Претседателот на државата, како и навремено и објективно информирање на граѓаните на Македонија.

За тоа е потребна политичка волја и храброст од наша страна, но решение е можно доколку таква политичка волја постои и на грчката страна.

Интеграцијата, заедно со реформите и економските реформи се клучни за подобар живот на сите граѓани во Република Македонија.

Им го должиме тоа на граѓаните и затоа ние, како Влада на Република Македонија ќе продолжиме да разговараме со сите политички чинители дома, како и со политичките претставници на Република Грција.

Благодарам.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени