mchi

Обраќања

Заев: Обврска на сите парламентарни партии е напредокот на Македонија

dbi

29.01.2018

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 29.01.2018


Прво да ја информираме јавноста, редовно се јавуваме на судските рочишта. Денеска судењето беше одложено на барање на Јавниот обвинител, коишто како што бевме информирани од судијата е на службено патување и е отсутен, презакажано е следното рочиште за 26 февруари во 11:30 часот.

Стратегијата на адвокатите останува таа што ја наговестивме и пред судиите во судските рочишта, и пред јавноста, јавноста е информирана. Секако решението е укинато сега треба веројатно судијата да се изјасни повторно по упатствата на судот, не сум правник, повеќе овие работи ги оставам на адвокатскиот тим којшто работи на одбраната, но секако се надевам на брзо судење, се надевам на транспарентна постапка, се надевам на доказите јасно достапни во процесот пред се, но и за јавноста. Истовремено заради тоа што знаете дека покрај правно –формалниот аспект на самиот процес и постапка против мене, се работи за политичар за којшто јас лично мислам со функцијата којшто ја извршувам треба да останам и со чист образ и пред граѓаните за да ја обавувам функцијата која што ја извршувам.

Медиуми: Законот за јазиците и амандманите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, коментар? Како ќе постапувате понатаму, ќе се носи ли законот, ќе се менува ли, бараат од Владата да го повлече и да го смени?

Законот е во нормална постапка, по транспарентно објаснување за самиот закон лично јас од Охрид го презентирав самиот закон, се отвори дебата, да напомнам тоа беше уште лани летото, дебатата е отворена јас верувам дека согласно законот за Собрание, Деловникот, и другите позитивни законски прописи Собранието ќе постапи и очекувам да се води работата на координација, која се договара кај претседателот на Собранието. Она што е многу важно за мене, е демократските процедури согласно законот за Собранието и Деловник да бидат запазени. Јас сум Зоран Заев што водеше борба за слобода и демократија, демократијата е императив, секако правото на опозицијата да поднесува амандмани е право коешто треба да се почитува, но истовремено и обврската дека и со таквото право се блокира Собранието. Јас сум загрижен што ќе се случи со реформите, како ќе одат законите коишто се важни од планот 3-6-9 од реформскиот процес, Македонија е навистина пред позитивна клима со можна позитивна препорака за отпочнување на преговорите и се надевам во јуни месец и на датум за преговорите. Ако ги заглавиме реформите, навистина не можеме да кажеме дека ќе се движиме по ваквиот процес и правец, очекуван и добар за Македонија, но верувам дека и опозицијата ќе биде разумна во делокругот на Деловникот којшто Собранието го нуди и дека во разговори помеѓу координаторите и претставници и на опозицијата и на владејачките партии, ќе се изнајде решение.

Медиуми: Премиере, значи вашата Влада го предложи законот за амнестија, тој закон се изгласа во Собранието денеска тој влегува реално во сила, се очекува првите затвореници кои се помилувани да излезат на слобода, може ли уште еднаш да ни кажете која е целта со донесувањето на овој закон и дали ќе има инвестиции во затворите, да се изградат подобри затвори?

Значи, јас само ќе се повторам тоа што го кажав и порано можеби ќе изоставам нешто од порано, Законот за амнестија се носи од причина што се очекува правда и правичност за многу луѓе коишто беа осудени во процеси на поранешни закони, а новите законски решенија ги ублажија казните. Ќе го кажам само законот за транспорт на емигранти, на пример имаше осуди по 8, по 10 години и слично, а после тоа согласно променетите закони се дозволуваше дури со такси превоз, со автобуски превоз транспортот на емигрантите, од нашата јужна кон северната граница. Истовремено, со законот за амнестија ќе овозможиме модернизација на затворските простори, заради тоа што ако капацитетот на најголемиот затвор Идризово е некои 850 затвореници по тоа што ми беше кажано, во моментов таму има преку 2000 затвореници, ниту може да се преместат затворениците за да можат да се реконструираат одредени простории во самите затвори, да ги спомнеме обврските којшто ги имаме дома пред граѓаните, но и пред меѓународната заедница во делот на заштита на човековите права, хуманиот аспект на издржување на казната и постојат исто така и многу други причини којшто се баш од ваков аспект. Јас верувам дека се донесе едно правично решение за сите, оние членови од кривичниот законик коишто не се амнестираат, не се амнестираат никаде во светот, се работи за полов напад, педофилство, за убиство или слично. Имаше јавна дебата за овие решенија и јас се надевам дека навистина донесовме едно исправно решение.

Медиуми: Советот за реформи во правосудството се распушти, повеќе не постои. Од Владата беше пуштена во јавност информација од страна на портпаролот дека ќе се состави ново тело на чие што чело ќе бидете вие, меѓутоа беше најавено дека до крајот на месецот ќе се формира тоа тело, дали веќе на следната владина седница се очекува да бидат дефинирани имињата кои ќе бидат таму, и дали можете да ни кажете од која бранша ќе бидат, министри, функционери, пак ќе има експерти?

Значи, јас ги завршувам последните консултации со правните тимови и советници околу мене. Целта е да се направи правен совет за имплементација односно реализација на веќе донесената стратегија за реформи во правосудството која што беше донесена од претходниот совет при Министерството за правда. Кога се работи за реализација или имплементација, според мене, а така и правните советници ми кажуваат, дека треба да бидат практичари луѓе, значи веројатно во таквиот совет ќе влезе претседателот на Врховниот суд, претседателот на Скопје 1, веројатно ќе влезе јавниот обвинител, веројатно ќе влеезе специјалниот јавен обвинител, една од апелационите единици, веројатно ќе има претставник од здружението на судии или претседателот на Здружение на судии, претстаавник или претседателот на Адвокатска комора, луѓе практичари кои треба да влезат, потпомогнати од граѓански активисти и експерти или од експерти од професорската фела. Но, тоа не треба да биде преобемно за да биде со сериозен импакт, да ги забрза процесите, да биде консултативна фаза на практичарите кои ќе ги изработуваат самите законски решенија, и двотретинските закони и оние коишто се со просто мнозинство за да можеме да покажеме имплементација на овие законски решенија. Отприлика во тој правец ќе се движи.

Медиуми: Господине Заев, што може да ве советува Јово Вангеловски претседател на Врховен суд, човек кој ете со одлуките овозможи бегство на лица поврзани со Специјалното јавно обвинителство, какви совети може да ви даде?

Значи, одиме во делот на поставување на функциите, претседатели, претседатели на судови, претседатели на обвинителства и слично. За мене, почнувајќи од Зоран Заев па до кој било функциониер, се е минливо и менливо, така што не гледаме на самите личности. Еве на пример, апелација Скопје има претседател кој е на крајот на својот мандат, но одиме со Апелација, ние не знаеме дали ќе биде сегашниот претседател и колку неговиот мандат ќе опстои или ќе дојде нов. Не се водиме од името и презимето на личностите коишто ги водат институциите и Врховниот суд во еден ваков совет не смее да биде незастапен, така што верувам дека играјќи со позициите, на крајот треба да има коректив и внатре и ова треба да ги даде најдобрите можни решенија во интерес на граѓаните и на правосудството во Македонија.

Медиуми: Имавте лидерска средба, се сретнавте и со претседателот на опозицијата. Кое решение за името за нив беше прифатливо од сите оние предлог имиња кои досега бее лиферувани во јавноста?

Ние имавме информативен состанок, се дадоа сите можни информации, споделивме буквално се што постои како информација кај мене и кај министерот за надворешни работи, а пред се информациите ни дојдоа од Васко Наумоски кој што знаете е нашиот преговоарач за спорот со името. Изградивме една стратегија и јас презентирав како во иднина ќе настапиме. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јавно познати, тие ги соопштија и ги соопштуваат. Јас верувам дека сепак можеме да најдеме национален консензус во функција на решавање на овој проблем, а не во функција на негово блокирање или повторно одлужување. Сега е вистински момент да се реши ова прашање. Дебатата е отворена и за вакви прашања и треба да биде отворена дебатата и нека ја има, таа е здрава. Треба сите да знаеме дека можеме да го решиме проблемот, но може и повторно да не се реши проблемот и после тоа, како што соопшти еден ваш колега во една колумна, сонцето повторно ќе изгрее. Но дали ќе не огрее и дали ќе продолжи да ги грее нашите деца по белиот свет во другите земји. Одлуките се на политичарите. Секако, власта ја има најголемата одговорност, но јас сум убеден дека и Претседателот на државата, покрај извршната власт и опозицијата, заедно сите политички чинители во општеството ќе бидат мудри да изнајдеме решение кое ќе го сочува достоинството и дигнитетот на нашиот народ и нашата земја. Секако, важно е да внимаваме и на грчката страна, бидејќи можеби решението ќе биде прифатливо овде а нема за грчката страна или обратно, можеби ќе биде прифатливо за грчката страна, а нема да помине тука. Се надевам на мудра постапка, и апелирам за внимание на медиумите и на сите граѓани, дебатата треба да постои, но да се обидеме сите да изнајдеме решение на овој долгогодишен проблем.

Медиуми: А опцијата реферндум отпаѓа и бледее во девете земји?

Еве уште еднаш ќе повторам, ставот на СДСМ е да се изнајде решение заедно со опозицијата и на крајот конечното решение да биде потврдено на реферндум. Тоа не е толку страшно, трагично или невозможно, реферндумот се организира согласно законите, во брза постапка. Ако застанеме сите, пред се политичарите да ги соопштиме своите ставови, ќе му помогнеме на нашиот народ, а нашиот народ ќе излезе и ќе си го каже својот став. Ова е премногу суштествено прашање, но јас на оваа работа не гледам како на кочница или бариера, гледам како дополнителна гаранција за Република Грција дека конечно ова решение е трајно и конзистентно.

Медиуми: Нимиц доаѓа, што очекувате и што ќе му соопштите?

Од стратешки апсект, не се очекува да зборувам за деталите, зборувам од стратешки аспект, за да може да успееме во преговорачкиот процес. Мене ми е драго што заедно сите чинители во општеството усогласивме апект на наш пристап како Република Македонија во преговарачкиот процес и преминуваме во таа следна фаза. Пред медијаторот Нимиц ќе ги кажеме сите наши ставови со сите наши аргументации. Во нашите ставови и тоа како има грижа за грчките ставови за да гледаме што се случува и таму. Наша цел е тоа да помине и во Грција, верувам дека и на Грција, барем така беше презентирано пред мене од премиерот Ципрас, и е многу важно тоа решение да помине и во Македонија и на тој начин може да се најде решение. Да гледаме од позитивен аспект на сите овие случувања што се случуваат за Македонија, заради тоа што знаете дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, ќе добиеме и членство во НАТО, но ќе добиеме и живот. НАТО, ЕУ носат инвестиции, носат позитивни економски апсекти за граѓаните и се надевам дека сите ќе бидеме фокусирани пред се за интересот на граѓаните на Република Македонија и за Република Македонија.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени