mchi

Најнови вести

Со блокадите, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба работат спротивно на интересите и потребите на граѓаните

dbi

09.02.2018

Соопштение за јавност


Погрешните политики на блокади и делување против интересите на граѓаните, се единствена одлика на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба работи спротивно на интересите на граѓаните со блокада на работата на Советот .

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба исклучиво заради теснопартиски интереси не дозволуваат жителите на Јурумлери и околните населени места да добијат современ и ефикасен систем за одводнување и пречистување на отпадни води.

Оправдувањата дека со тој проект општината ќе се задолжеле се неосновани и лицемерни, особено ако се земе предвид фактот дека токму локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ аплицирала овој проект да се финансира преку заем од Светска Банка.
Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ освен на штета на граѓаните оди на штета и на општинскиот буџет.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба, спротивно на Законот за градежно земјиште не дозволија да биде донесена Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, која е со времетраење до 11 март 2018 година и со која е предвиден приход од девет милиони евра. На овој начин, со блокади, советниците на ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го оневозможат развојот на општината со што работат спротивно на интересите и потребите на граѓаните на општина Гази Баба.

Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им се важни интерeсите и потребите на граѓаните, општините и државата, туку се водат исклучиво од сопствени теснопартиски интереси.

СДСМ како одговорна партија, нема да дозволи ваквото расипничко и неодговорно однесување на опозициската партија да биде на штета на интересите на граѓаните.

 

Скопје, 09.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени