mchi

Соопштенија

Нема оправдување за обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги закочат мерките што обезбедуваат квалитетен живот за сите во Гази Баба

dbi

09.02.2018

Соопштение за јавност

 

Ниту една лажна вест не може го сокрие фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на општина Гази Баба и дејствуваат спротивно на интересите на граѓаните.

Наместо да шират празни обвинувања, Тони Бојковски и ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на жителите на Јурумлери и околните места зошто советниците од опозициската партија не гласаа за изградба на нов систем за одводнување и пречистување на отпадни во ова населено место? Зошто спротивно на Законот за градежно земјиште не дозволија да биде донесена Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, која е со важност до 11 март 2018 година и со која е предвиден приход од девет милиони евра?

Со таквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ докажуваат дека воопшто не ги интересираат потребите на граѓаните, туку дека се грижат единствено за личните и партиски интереси. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да го закочат започнатиот реформи процес. СДСМ продолжува одговорно, отчено и домаќински да ги спроведува зацртаните мерки што и на централно и на локално ниво обезбедуваат капитални инвестиции, развојна инфраструктура и квалитетен живот за сите граѓани.

 

Скопје, 09.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени