mchi

Најнови вести

Шилегов на изборен митинг на ДС од Србија со поддршка за Шутановац

dbi

11.02.2018

Соопштение за јавност


Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов вечерва се обрати на првата конвенција за изборите за Град Белград на коалицијата „Да го ослободиме Белград“ предводена од Демократската странка (ДС) од Србија, сестринска партија на СДСМ.

Во своето обраќање, потпретседателот Шилегов даде поддршка на претседателот на ДС и кандидат за градоначалник на Град Белград, Драган Шутановац.

„Кога ја започнавме нашата битка, многумина не веруваа дека ќе успееме. Но, со упорност, со добри кампањи, со посветена работа, пред една година успеавме да ја ослободиме Македонија, а пред неколку месеци да го ослободиме и Скопје. Одевме од врата до врата, од човек до човек и во исклучително тешки услови ја промовиравме нашата програма и успеавме да донесеме живот за сите во Скопје, живот за сите во Македонија.“ истакна Шилегов.

Потпретседателот Шилегов ги повика граѓаните на Белград да дадат поддршка на кандидатот Шутановац бидејќи овој пат имаат прекрасна можност да изберат градоначалник кој ќе се грижи за нивните интереси и ќе гради инфраструктура којашто доликува на времето во коешто живееме.

„Ги повикувам сите граѓани на 4 март масовно да излезат на избори и да го заокружат бројот 4. Шутановац, ослободи го Белград.“ порача Шилегов пред граѓаните на Белград.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени