mchi

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше Куманово, локалната власт предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните

dbi

12.02.2018

Соопштение за јавност


Неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за граѓаните на Куманово, кога токму оваа партија цели 11 години ги игнорираше проблемите и потребите на жителите на општина Куманово.

Граѓаните на Куманово ги препознаваат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и реалните политики на локалната власт предводена од СДСМ. Само во првите сто дена од мандатот, локалната власт предводена од градоначалникот Максим Димитриевски и СДСМ реализираа над 40 инфраструктурни проекти со кои се подобрува животот на граѓаните на Куманово и преку кои се одржува континуитетот на одговорно раководење со општината.

За разлика од политиките на деструкции, блокади и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како на централно, така и на локално ниво продолжува со спроведување на мерките што го унапредуваат квалитетот на живот и се во интерес на сите граѓани.

 

Скопје, 12.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени