mchi

Најнови вести

Се решаваат наследените проблеми во Еурокомпозит, се работи на трајно решение за ова претпријатие, затоа што секој е важен

dbi

12.03.2018

Соопштение за јавност


Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми предизвикани од неодговорната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Со реализација на одлуката на Владата предводена од СДСМ, надминати се наследените проблеми во АД 11 Октовмри Еурокомпозит и на вработените во ова претпријатие исплатен им е надоместокот.

Министерството за внатрешни работи ја продолжи реализацијата на договорот со АД 11 Октомври Еурокомпозит, изврши репрограмирање на обврските кон Еурокомпозит и изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на министерството. Откако МВР ги исполни своите обврски и изврши авансна исплата, Министерството за финансии преку трезорската сметка веднаш ги префрли парите на АД 11 Октомври Еурокомпозит, со што за секој од вработените е обезбеден надоместок од 22.000 денари.

Покрај исплатата на надоместокот за вработените, Владата предводена од СДСМ активно се вклучи во изнаоѓањето трајно решение на проблемите во фабриката АД 11 Октомври Еурокомпозит. Во таа насока, Владата предовдена од СДСМ ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата, а ќе бидат разгледан можни решенија за системско решавање на напластените проблеми од изминатите години.

 

Скопје, 12.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени