mchi

Обраќања

Кирацовски: Македонија е правна држава, очекувам надлежните институции да го расветлат насилството од 27 април

dbi

10.04.2018

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ
Скопје, 10.04.2018

 


27 април, дефинитивно ќе остане како црн датум од поновата историја на Република Македонија, датум на којшто беше поткопан уставниот поредок, беа нападнати, повредени, пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Надлежните институции мора да го расветлат овој случај со црниот четврток, којшто се случи минатата година во Собранието на Република Македонија. Денеска давав исказ во Основниот Суд Скопје 1 како сведок за случајот на нападот врз пратеникот Села, и се надевам дека со истиот ќе помогнам правдата да ги стигне сите оние коишто се огрешиле на тој настан.

Република Македонија, одамна веќе е правна држава и сите оние кои биле извршители, нарачатели или помагачи на немилиот настан, мора да одговараат согласно позитивните законски прописи.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени