mchi

Обраќања

Заев: Го поздравувам враќањето на опозицијата во Парламентот, продолжуваме со реформскиот процес во интерес на сите граѓани

dbi

12.04.2018

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 12.04.2018


Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, рочиштето поврзано со предметот Поткуп продолжи и денеска, почнавме со слушање на разговорите од ПИ мерките коишто се поврзани со предметот, продолжуваме во понеделник, најавено е дека во понеделник ќе трае тоа додека не се завршат сите разговори да се преслушаат, па понатаму ќе продолжи останатата доказна постапка.

Медиуми: Каква е вашата првична оценка од она што го слушнавте, како ги коментирате овие снимки, значи не мора содржината, него има ли докази некои ?

Не, апсолутно нема никакви докази, тоа се редовни комуникации на тогашен градоначалник и со осомниченото лице и со сите други лица како што се директорите на институциите, граѓани коишто се јавуваат на тогашниот градоначалник Заев и слично. Продолжуваме во тој дел, апсолутно ниту обвинителството алудираше на разговорите, алудираше на сведокот, бевте сведоци и со вашето присуство а преку вас и јавноста, така што јас очекувам да привршува овој предмет и секако судската пресуда ќе ја почитуваме каква и да биде.

Медиуми: Колку време сте следен господине Заев со ПИ мерки, дознавте ли точно? Со ПИ мерки, со одобрение на судот?

Јас знам дека вкупно со ПИ мерки е нешто повеќе од две години. Но, знам и дека истовремено можат согласно закон, дури и ако се работи и за тероризам, загрозување на Уставот на државата, стабилноста, суверенитетот да биде најмногу до година и три месеци. Но, секако тоа го оставам на правосудните инстанци да одлучуваат во делот на следењето, јас немам ништо што ме плаши во делот на разговорите и апсолутно немам никаква дилема. Нека се ислушаат сите разговори. Важно ми е правно формалната постапка да биде следена пред се од моите адвокати за да може секако да ги добијам сите загарантирани права согласно Устав и со закон, а органите како што се Јавното обвинителство и Судот, да си ги носат одлуките исто така согласно закон. Тоа ми е мене важно. Инаку, тоа што го знам оти ги немам ни броено сите разговори што беа во посед на СДСМ, знам дека се работи за преку 10.000 разговори, дел се со ПИ мерки, дел се без, така што за таа работа околу бројот може да дадат одговор од СЈО.

Медиуми: Господине Заев, денеска навршуваат 6 годишнина од Смилковско Езеро, кога очекувате да се расветли овој случај и имате ли што да им кажете на роднините коишто бараат одговор од вас?

Јас континуирано имам средби, се видов и со мајките на децата и членови на семејствата некаде пред два месеци, исто така и сите сме согласни дека сега треба да се остави на правосудните инстанци да ја донесат и вистината и правдата поврзана со овој случај. Случаевите за коишто посебно е заинтересирана јавноста како што е Никола Младенов, Смилковско Езеро, Кумановски настани, имаат дополнителна причина јавноста да ги знае сите детали, комплетната вистина и Македонија да дочека правда онака како што е согласно словото на Уствот и законот ако сакаме да бидеме држава, ако не тогаш остануваат интригите, шпекулациите и недовербата во институциите паѓа. Само преку комплетна вистина и преку комплетна правда може граѓаните да веруваат во интитуциите на системот.

Медиуми: Факт е дека пред три години вие први кажавте дека нешто не е во ред со случајот, благодарение на бомбите што ги објавивте. Сега, три години подоцна се чувствувате ли барем малку виновен бидејќи до сега ништо не е направено? Еве веќе цела година сте на власт, а ништо не е направено поврзано со информациите коишто вие ги споделувавте уште пред три години, дали ќе има нова истрага, се бараат ли можни сторители, што е направено?

Значи еве вака. Ниту сум алудирал, ниту треба некој политичар да алудира да биде обвинител, истражител, или судија. Наша должност беше да ги дадеме оние коментари како граѓани коишто ги чувствуваме, а должноста беше да ги предадам материјалите на истражните органи коишто тоа го прават. Само тие можат да кажат до каде е истрагата, во кој правец се истражува, какви докази се обезбедуваат, дали тие докази потврдуваат дело, или потврдуваат во некој друг правец дека ќе тера истрагата, тоа е нивно. Секој мој дополнителен коментар е прво мешање во правосудството, второ, таму кадешто не е мојата работа. И не треба да биде така. На тие вредности мораме сите да бидеме подготвени, и да внимаваме во делот на нашето однесување, заради тоа што во тек се реформи во правосудството, реформите ќе значат добро законодавство, веројатно и старт на добра имплементација на тоа законодавство, но мораме да го менуваме и нашиот менталитет, сите како општество, ако сакаме конечно граѓаните да добијат правда, а и вистината којашто ќе биде соопштувана да биде императивна, и недвојбена.

Медиуми: Постојано во јавноста се збори за промени во Владата во одредени Министерства. Можно ли е наскоро да се очекуваат промени евентуално влегување на друг коалиционен партнер во Владата, и доколку вие од кого сте најнезадоволен од досегашното работење како Министер? Има право народот да знае.

Се согласувам. Јас сум само еден од луѓето коишто ги ценат успесите на сите оние коишто се номинирани од институциите на системот. Да, дел се на мој предлог, дел се на предлог на Влада, дел се на предлог на Управен одбор, на Надзорен одбор, и има правни формални делови во постапките. Прво уште еднаш напоменувам дека реконструкцијата првенствено очекувам да се случи заради зголемување на парламентарното мнозинство, но тоа е одлична прилика да се види за таму кадешто нема резултати. И треба на тоа да гледаме како многу нормална работа. Го кажав критериумот. Сакам да знам што се подобрило на подобро, или променило на подобро, и што е тоа што е успех на новиот директор, на новиот министер, на новиот заменик, на новото раководно лице. Оти граѓаните очекуваат такви успеси. Ако немало такви успеси, се е исто и со промена на раководните структури, тогаш веројатно треба да размислуваме за промени на одредени структури, коешто не значи дека со тоа ние комплетно целосно ќе се заблагодариме на тие луѓе. Можеби на втори, на трети позиции во самите институции би биле поквалитетни, со подобра можност за давање на резултати. Но сето тоа би требало да биде анализа на соодветниот орган којшто го поставува. Јас сум како тогашен мандатор, сегашен премиер, можам да ги дадам моите коментари за министрите, Владата треба да ги дава за директорите коишто ги номинира, Управните одбори исто така за директорите, дали се Надзорни одбори, дали се агенции или претпријатија, така што штом ќе бидам подготвен со моите лични ставови веднаш ќе ги соопштам, а веројатно тоа ќе бидат и дел за ставовите кои се сублимати на Владата.

Медиуми: Има ли вистина дека СДСМ ќе го добие Министерството за правда наспроти образование кое ќе го даде на ДУИ или друг албански коалиционен партнер?

Не, јас слушнав за една ваква шпекулација, или прочитав по некој медиум, а сакам да знаете дека секогаш кога размислуваме и кога разгледуваме вакви варијанти се водиме од капацитетот, експертизата и професионалната подготвеност на личноста. Се зависи какви личности имаме на располагање, и вербата во нив, а пред се и впечатокот што го оставаат пред граѓаните, пред вас медиумите, коишто сте опсерватори на нашето работење, а преку тоа сте и гласот на граѓаните. Тие ќе бидат нашите водилки. Професионалниот аспект на личноста и подготвеноста да се зафати со ресорот којшто го води или би го водел.

Медиуми: Што се случува и кој ќе го зафати испразнатото министерско место за правда, има ли преговори, и какви се очекувањата од средбите во Охрид на двајцата министри за надворешни работи?

Оставивме да го пополниме тоа празно место како и неколку заменички места коишто се испразнија од Алијанса за Албанците, знаете потојат и два или три државни секретари којшто исто така се дел од првиот тим на секој ресор на секое министерство. Сите тие ќе ги пополниме со реконструкција на Владата, значи еден дел ќе е пополнување, еден дел ќе е промени. Затоа што не соодветно е кон Парламентот што има набиена агенда да им го зимаме постојано времето, знаејќи дека работиме на реконструкција, сега ако одиме посебно да дискутираме за една личност, а дополнително после и за останатите личности тоа би било нерационално во трошењето на времето на институциите. Јас очекувам дека до крајот на април ние да бидеме комплетни и Парламентот би требало да донесе одлука, секако ако одлучи да ги поддржи ваквите реорганизации или реформи во владините институции или во извршната власт. Јас очекувам од оваа средба што е во Охрид, помеѓу двајцата министри да биде потврдено тоа што значеше исчекор во преговорите во Виена пред десетина дена, ако тоа биде потврдено тогаш се дава еден дополнителен пас за останатите отворени прашања да се разговара, можам само тоа да го потврдам дека јас сум среќен од таа средба и тоа што се случи е исчекор во разговорите и тоа го крепи мојот оптимизам што го споделувам преку вас медиумите до граѓаните, се надевам ќе бидат потврдени сите овие ставови ќе бидат правно –формално разгледани одредени документи и врз основа на тоа ќе се дефинира стратегијата за следниот чекор на разговорите, дали ќе продолжат самите министри, дали ќе се случи на премиерско ниво заедно со министрите, или пак сами примиерите да се видат или слично, целта наша е да го продолжиме целиот процес до конечна цел - решение. Се надевам дека процесот се движи во таа насока. Очекувам попладне Министерот Димитров да ме информира за детали од тој разговор.

Медиуми: По вчерашниот практично неуспешен обид на опозицијата за гласање на недовреба на Владата, сепак каков одговор ќе и дадете на опозицијата?

Опозицијата конечно во најголем дел си ја врши својата работа. Јас сум демократ човек, верувам во демократските вредности во демократските институции. Прво, уште еднаш го поздравувам враќањето на опозицијата во Парламентот, според мое убедување, а не е мое да се мешам во одлуките на опозицијата можеби ќе беше подобро да кажат дека се враќаат во Собранието поради реформите, заради националниот интерес. Опозицијата мора да се слуша, тие одлучија да се вратат со интерпелација, драго ми е што денеска продолжија, информациите ми се дека денеска треба да продолжат и комисиите и пленумот за законите од планот 3-6-9 со реформите. Најголем дел се усогласени, дел се оставени да ги слушнеме експертизите, професионалните здруженија, јавните дебати којшто се организираат, за да некаде до 16-ти, а тоа е ден пред затворење на извештајот бидеме заокружени со донесувње на овие закони од реформскиот пакет на закони. Опозцијата со нејзиното учество во Парламентот прво врши убава работа за Република Македонија и тоа е дорбо за граѓаните, второ, многу е веројатно и добро за опозицијата, но јас тврдам дека тоа е добро и за власта, власта ќе биде подобра ако опозицијата биде поактивна, покритична и посилна.

Медиуми: Дали разговаравте со вице-премиертот Бујар Османи, заради тоа што Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ во телевизиско интерју обвини дека ги слиша насоките на неговиот албански колега Бушати, бидејќи Албанија не е толку напред како Македонија за реформите, па Македонија сега ќе ја чека АЛбанија ?

Знаете ние имаме наши владини ставови, обвинувањето е буквално беспредметно, заради тоа јас ако не секој ден преку ден со потпретседателот на Владата Бујар Осамни имам работни состаноци со групите министерствата, деталите од реформскиот пакет и апсолутно знаеме нашите ставови се единствени ставови. Тоа се ставови на Македонија пред ЕУ, дека заслужува шанса во согласност од испорачувањето на резултати на секоја земја поединечно. И уште еднаш ќе потврдам, Македонија ако ги исполни резутатите треба да добие датум за преговори независно од Албанија. Јас поскаувам и Албанија да добие, но тоа зависи од нивниот перформанс со тоа како тие ги исполниле резулатоите, и ако тие не ги исполниле резултатите нечесно е Македонија да биде закочена, истовремено ние можеме да бидеме закочени ако не се договориме со Грција за името, тогаш е нечесно Албанија да биде закочена. Затоа секоја земја треба да има своја судбина. Буквано колку сме успешни, перформансите на Владата на институциите на системот во делот на извршување на реформискот пакет на законите и сите останати реформи од Планот 3 6 9 така и треба да очекуваме награда или казна согласно одлуките. Веувам дека Македонија со тоа што досега го има испочитувано а тоа е 90% исполнување на планот 3-6-9, 99% би бил исполнет ако во Пралентот се донесат законите. Овие 1% не е исполнет од причини којшто се рационални. На пример, донесувањето на одлуката за носење на новиот Деловник на Собранието е договорено да се случува во Моне групата каде што треба да се соберат пратенците и од опозицјата и од власта и убаво е да се договоорат, тоа е во мај или јуни не знам кога тоа ќе се случува и таа мерка од Планот 3-6-9 е одложена и нема да биде реализирана. Или нешто што зависи од судството или од обвинителството. Ние не можеме да влијаме на тие институции, едноставно апелираме да го завршат својот дел од работата од пакетот на мерките, но тоа што зависи од Владата од парламентарното мнозинство и еве условно кажувам и од опозицјата во Парламентот и тоа што го преговараме буквано ќе значи исполнување на планот 3-6-9.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени