mchi

Најнови вести

Ременски: Усвоените реформски закони ги унапредуваат демократските процеси и обезбедуваат сигурност за сите граѓани

dbi

13.04.2018

Прес конференција,
Фросина Ременски, потпретседателка и пратеничка на СДСМ
Скопје, 13.04.2018

Почитувани,

Нашата намера реформските закони да ги усвоиме со поширок политички консензус, заедно со опозицијата, се потврди дека е возможна.

Политиката на инклузивност, на соработка и отворени врати се покажа дека е реална и дава резултат, што е во интерес на Македонија и сите нејзини граѓани.

Вчера во Собранието на Република Македонија заедно со опозицијата, ги донесовме трите закони којшто се во пакетот на рефомски закони предложени од Владата на Република Македонија со двотретинско мнозинство, го донесовме Законот за заштитени сведоци, Законот за Оперативна-техничка агенција, како и Законот за следење на комуникациите.
Ваквите законски решенија се неопходни за унапредување на демократските процеси во Македонија, но се исто така важни и за евроинтеграцискиот пат на земјава.

Особено имајќи превид политичката криза со која се соочи државата, како резултат на злоупотреба на безбедносните служби и системи и загрозувањето на приватноста на илјадници граѓани на Македонија, од страна на претходната власт.

Измена на регулативата која што се однесува на заштитените сведоци бараше Специјалното јавно обвинителство, со што ќе може успешно да ги водат истрагите и да поднесува обвиненијата.

Другите два закона се во насока на зголемување на контролата и надзор кога станува збор за постапката што ја водат овластените органи институции за спроведување на посебните истражни мерки, што исто така овозможува и значително поголема законска контрола на Собранието на Република Македонија врз овие овластени органи.

Овие две законски решенија произлегоа врз основа на препораките на експертската група предводена од господинот Рајнхард Прибе.

Со формирањето на Оперативно –техничката агенција (ОТА) оваа агенција е должна да набави и да одржува медијациски уреди за создавање услови за спроведување на мерките за следење на комуникациите. Морам да нагласам, за јавноста, дека законот прецизирано ја наредува надлежноста и природата на ОТА исклучиво како технички орган којшто воспоставува врска помеѓу операторите, овластените органи за следење на комуникациите без можност за пристап до содржината на следените комуникации.

Со измените на Законот за следење на комуникациите ќе се надминат детектираните проблеми во областа на следењето на комуникациите и ќе се овозможи практична примена и доследна примена.
Овој пакет на закони овозможува зголемување на законитоста во постапувањето на институциите и дава силни законски гаранции и можности за спроведување на Собранискиот надзор над работата на безбедносниот служби којшто се овластени за спроведувањето на посебни истражни мерки.

Веруваме и убедени сме дека новите законски решенија ќе обезбедат сигурност за сите наши граѓани, без никаква можност за злоупотреби и загрозувања на нивната приватност.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија покажа дека е одговорна владејачка партија, која работи единствено во интерес на граѓаните и за доброто на Република Македонија.

Добро е што опозицијата се врати во Собранието и ги поддржа реформски закони со двотретинско мнозинство.

Македонија тргна напред. Само со инклузивност, конструктивност и искрен пристап на политичките субјекти може да направиме од Македонија современа, европска држава, општество достојно за живот на сите нејзини граѓани.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени