mchi

Најнови вести

Наместените тендери беа одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, АД ЕЛЕМ и РЕК Битола работат законски и во интерес на граѓаните

dbi

13.04.2018

Сооштение за јавност


ВМРО-ДПМНЕ партијата чиешто владеење беше одбележано со криминал, скандали, расипништво и коруптивно однесување нема никаква стратегија освен ширење на лажни вести и очајни обиди за манипулирање со јавноста.

Лажна е веста за наводен наместен тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола. АД ЕЛЕМ документирано ги поби лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Како што јавно соопштија од АД ЕЛЕМ, условите во конкретниот тендер овозможуваат поголема можност за пријавување на што повеќе економски оператори, а од друга страна, условите и понатаму се доволно строги за да овозможат пријавување само на фирми кои имаат технички и кадровски капацитет за изведување на ископот на јаглен во РЕК Битола.

ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека наместените тендери, корупцијата, криминалот и партизирањето на државните институции заврши со нивното заминување во опозиција.

Денес, сите државни институции, сите државни и јавни претпријатија, вклучително и ЕЛЕМ и РЕК Битола работат домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, а не во интерес на мала група поединци, како што беше случај за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се обидува да шири лажни вести кои немаат допир со реалноста, ВМРО-ДПМНЕ треба да се дистанцира од поразените политики на Никола Груевски и вистински да се реформира.


Скопје, 13.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени