mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека наместените тендери завршија со нивното заминување од власт, АД ЕЛЕМ и РЕК Битола работат законски

dbi

14.04.2018

Соопштение за јавност


ВМРО-ДПМНЕ партијата што остави пустош во енергетиката, неколку денови упорно се обидува да шири лажни вести коишто веднаш се демантирани.

Празни и лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни неправилности во тендерите на РЕК Битола. АД ЕЛЕМ јавно соопшти дека условите во тендерот се проширени за да се овозможи што поголема конкуренција, односно конкуренција само на сериозни фирми кои се способни да извршат копање јаглен во рудниците на РЕК Битола, од чиј навремен и квалитетен ископ зависи производството на електрична енергија. Истовремено, целта на проширувањето е да не се повтори случај кадешто фирма којашто го добила тендерот по три месеци да се повлече од него, бидејќи не била технички способна да го врши ископот.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека наместените тендери, криминалот и партизирањето на државните институции завршија со нивното заминување во опозиција и затоа продолжува неосновано да обвинува.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес сите државни инститтуции и сите државни и јавни претпријатија работат законски, одговорно и во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да шири лажни вести и празни обвинувања и наместо тоа, да се дистанцира од поразените политики на Никола Груевски и вистински да се реформира.

 


Скопје, 14.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени