mchi

Најнови вести

Скапоцениот партиски дворец е единствената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ, владиниот План за економски раст дава резултати

dbi

15.04.2018

Соопштение за јавност


Скапоцениот барокен дворец во којшто е сместена ВМРО-ДПМНЕ е единствената инвестиција за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење на оваа партија.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и нема капацитет да разбере дека заврши времето кога таа партија го уценуваше стопанството и насилно се преземаа компании преку офшор сметки.

Политиката не се меша во бизнисот и крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да ја научи оваа лекција .

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога за привлекување странски инвестиции се потрошија 225 милиони евра пари на граѓаните за скапи и неефикасни роуд шоуа и рекламни кампањи, Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст, за само десет месеци обезбеди влез на 10 нови инвестиции, без да потроши денар од Буџетот.

Планот за економски раст е јасен, бенефит ќе имаат сите компании, со јасно утврдени критериуми коишто важат за сите инвеститори подеднакво.

Наместо да се занимаваат со бројката на странски инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат себеси, да се извинат за сите штети што ги создадоа за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење и конечно да се дистанцираат од погубните политики на Никола Груевски. Тоа е во интерес на економијата, граѓаните и државата.


Скопје, 15.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени