mchi

Обраќања

Заев: Се потврди дека станува збор за монтиран судски процес, нема никакво договарање поткуп

dbi

16.04.2018

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 16.04.2018

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите.

Денеска заврши уште едно судско рочиште за предметот таканаречен Поткуп, денеска успеавме да ги ислушаме сите разговори коишто се поврзани со предметот, имаше и читање на СМС пораките, така што таа фаза денеска завршува, следното рочиште е закажано на 30.04.2018 кадешто ќе продолжиме со следните чекори во постапката.

Медиуми: Дали ќе биде на наредното рочиште снимката од Апелација? Што е одлучено?

Не знам како е постапката, се уште нема одлука, за таа фаза чекаме одлука од Апелација, штом ќе дознаеме каква е одлуката од Апелација по жалбата на Јавното обвинителство, веднаш ќе соопштиме на медиумите, дали ќе се презентираат и кога ќе се презентираат снимките.

Медиуми: Ваш коментар, вистинити се, тоа се случувало изминатиот период?

Апсолутно нема ништо коешто е поврзано со обидите за да се осомничам за лице коешто земало поткуп, или правело напори да земе поткуп. Во сите овие разговори, разговараме со службениците во Општината и со господинот Николов како да се забрзаат постапките, како течат постапките со сите процедури и конечната цел којашто како и за секој граѓанин, е да се заврши работата којашто странка ја има пред Општината. Комплетно е чисто, јас си знаев какви може да бидат разговорите заради тоа што кога немате ништо ни помислено не може да бидат други разговорите. Така што, прецизно во сите постапки, во сите телефонски разговори во текот на сите овие години ги ислушавме сите детали во разговорите, зборувајќи со господинот Иво Николов, зборувајќи со службениците во Општината, и се работи само за завршување на предметите, доказ е и тоа дека одредени предмети се веќе завршени, во тој и овој период никој не побарал ниту пари, ниту било што, и тоа само по себе потврдува дека се работи само за монтиран процес.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени