mchi

Прес центар

Атанасов: Со новиот Закон за високо образование, универзитетите им се враќаат на професорите и студентите

dbi

03.05.2018

Прес конференција,
Петар Атанасов, пратеник на СДСМ
Скопје, 03.05.2018


Почитувани,

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со спроведување на мерките за унапредување на образованието, што е предуслов за општествен развој,економски напредок и повисок животен стандард.

Пратениците од владејачкото мнозинство вчера го изгласаа Законот за високо образование, кој обезбедува поголем квалитет на образованието и автономија на универзитетот.

Со новата законска регулатива универзитетот што досега свесно беше ставен на маргините на општеството, повторно станува важен дел на системот. Ја обезбедуваме уставно загарантираната академска слобода, достоинство на професорите и на студентите и го враќаме угледот на универзитетот.

Три основни начела се вградени во новото законско решение: почитување на автономијата на универзитетот, дизајнирање на нов начин на управување со универзитетот, како и решавање на суштинските прашања, квалитетот и финансирањето во високото образование.

Универзитетите, преку овој закон, им се враќаат на професорите и на студентите, без можност за дневно - политички влијанија во спроведувањето на нивната настава, научна и кадровска политика.

Создадовме услови државните универзитети вистински да се реформираат, но не преку централизација на дејноста и функциите, туку преку подемократско и потранспарентно управување во кое одлучувачки фактор ќе бидат професорите, нивните матични институции и студентите.

Ова ново и исклучително важно законско решение беше подготвено во соработка со претставници на универзитетите, на синдикатите во образованието, како и претставници од професорскиот и од студентскиот пленум што дава дополнителен квалитет.

Исто така, процесот на подготовка на Законот го следеа низа јавни расправи, при што беа земени предвид мислењата и предлозите што произлегоа од тие дебати.

Низ еден транспарентен и инклузивен процес усвоивме Закон кој е целосно во согласност со европските стандарди и критериуми, кој гарантира обезбедување квалитет во високото образование.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени