mchi

Прес центар

Китев: Обезбедуваме правна сигурност и еднаков третман за домашните и странските компании

dbi

04.05.2018

Прес конференција,
Бетиан Китев, пратеник на СДСМ
Скопје, 04.05.2018


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата создаваат подобри и еднакви услови за поддршка на домашните и странските компании со цел да обезбедат економски раст, развој и повисоки плати.

Пратениците од парламентарното мнозинство го усвоија Законот за финансиска поддршка, чија основна цел е преку поддршката на инвестициите да се зголеми конкурентноста на македонските компании, за тие да можат рамноправно да учествуваат и на меѓународниот пазар.

Креиран е транспарентен механизам со кој се овозможува поддршка на многу поголем број на компании и пораст на економијата.

Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот развој, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст.
Законот за финансиска поддршка на инвестициите обезбедува правна сигурност и еднаков третман за сите компании – домашни и странски.

Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе се поддржат компаниите, кои покажале просечен раст на приходот и не го намалиле просечниот број на вработени во истиот период, во споредба со годината за која побаруваат државна помош.

Финансиските средства за поддршка на инвестициите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија, а за оваа 2018 година обезбедени се 18,3 милиони евра.
Оваа законска мерка претставува замена на нетранспарентната шема на државна помош, со која во претходните години беа поддржани само 23 компании, а притоа се потрошени над 225 милиони евра, од буџетот на државата.

Со соодветни економски политики и вистинска поддршка на компаниите создаваме услови за економски развој, намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард.
Создаваме силна економија и компании кои ќе бидат конкурентни на европскиот и светскиот пазар и ќе придонесат за раст на Бруто домашниот производ.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени