mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост, акцизата не влијае врз раст на цените, преку конкретни мерки се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните

dbi

14.05.2018

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со криминалното, неодговорно и расипничко владеење го урниса животниот стандард на граѓаните, денес како опозиција продолжува со лицемерно однесување и лажна загриженост.

Зголемувањето на акцизата за нафтата не влијае на покачување на цените на мало. Сите енергенси учествуваат со 10 отсто во вкупната цена на производите, а акцизата е зголемена за само мал дел од тие 10 отсто, што е незначително за вкупната цена.

Залудни се обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку демонстрирање лажна загриженост да ја манипулира јавноста. Граѓаните чувствуваат реални придобивки од успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Растот на минималната и просечната плата, зголемените пензии и субвенции за земјоделците, намалувањето на трошоците преку укинување на радиодифузната такса и воведувањето евтина тарифа на струјата се мерки што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.

Бројни економски параметри ја потврдуваат разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и успешното и одговорно работење на СДСМ и Владата што ја предводи и мерките преку коишто се создаваат услови за подобар животен стандард и интензивирање на економскиот раст.

 

Скопје, 14.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени