mchi

Најнови вести

Младинската гаранција дава резултати, за два месеца вработени 123 млади лица

dbi

16.05.2018

Соопштение за јавност


Гаранцијата за млади, една од клучните мерки во Планот за живот и Програмата на Владата започна да дава реални и конкретни резултати.

За само два месецa откако започна да се спроведува како пилот проект во општините Гостивар, Струмица и градот Скопје, во Младинската гаранција се вклучиле околу 700 млади лица на возраст од 15 до 29 години. Од нив, за 640 лица е направен индивидуален план за вработување, 123 веќе се во работен однос, а 220 биле вклучени во други услуги за вработување како што обуки за барање работа, професионална ориентација, кариерно советување и мотивациски обуки.

Пилот проектот Гаранција за млади во посочените општини ќе се спроведува цела 2018 година, а врз основа на анализа на постигнатото во пилот фазата, проектот ќе започне да се спроведува низ цела Македонија.

Гаранцијата за млади има за цел на сите млади лица на возраст од 15 до 29 години, во период од четири месеци, да им обезбеди шанса за вработување, континуирано образование и обука или практикантство.

Со ова се потврдуваат заложбите на СДСМ и Владата што ја предводи за создавање на квалитетни младински политики коишто ќе имаат за цел отворање можности за младите и подобрување на нивниот животен стандард. Владата предводена од СДСМ продолжува со зацртаните мерки што обезбедуваат нови работни места, економски раст, повисоки плати и подобар животен стандард за сите граѓани.


Скопје, 16.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени