mchi

Прес центар

Иванова: Мицкоски да одговори што го советувал Никола Груевски

dbi

16.05.2018

Прес конференција,
Михаела Иванова, СДММ
Скопје 16.05.2018


Почитувани,

Христијан Мицкоски бил дел од огромниот број од 91 советник на поранешниот премиер Никола Груевски. Ангажманот на Мицкоски и останатите 90 советници на Груевски годишно ја чинеле државата односно граѓаните над 1,7 милиони евра.

Бидејќи Мицкоски бил советник за енергетика треба да одговори што го советувал Никола Груевски.
Дали Мицкоски го советувал за одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на дневната евтина тарифа на струјата, што резултираше со повисоки сметки за граѓаните?
Дали го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси?

Притоа имајќи предвид дека Македонија во тој период доби најниска оценка, единица, од Енергетската заедница.

Јавноста треба да знае за улогата на Христијан Мицкоски во креирањето и спроведувањето на погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кои нанесоа огромна штета врз интересите на граѓаните и државата.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени