mchi

Најнови вести

ДИК да не постапува по барањето за необјавување на Изборниот законик

dbi

31.03.2016

Прес конфренција
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Скопје, 31.03.2016


Над 330.000 спорни гласачи, едногласно констатирани од ДИК, е најголем доказ дека последните неколку избори во Македонија се нелегитимни.

Бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески по секоја цена се обидува да го скрие криминалот кој е направен со избирачкиот список. Ова е допис од Дирекцијата за заштита на личните податоци од вчера, 30-ти март 2016 година. Дирекцијата во која сега директорува Горан Трајковски, поранешниот директор на УЈП, кој ги пеплоса фирмите со казни заради личните и партиски интереси на владејачката банда. Со ова решение, практично се забранува објавувањето на избирачкиот список. Дирекцијата за заштита на личните податоци најдиректно го крши Изборниот законик и Договорот од Пржино.

Членот 31, став 28-г, од Изборниот законик е дециден:

„Државната изборна комисија го ибјавува Избирачкиот список на својата веб страна со следните податоци: име, презиме и адреса на бирачите.“

Институцијата која го преспа целиот криминал со неовластеното прислушување на телефонските разговори на граѓаните од страна на бандата на Груевски, Мијалков и Ставрески, одеднаш се разбуди од кома. Да се потсетиме, во Извештајот на Прибе постои посебен дел кој се однесува на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Во една од препораките за Дирекцијата се вели:

„Иако Законот за заштита на личните податоци е генерално во согласност со европските стандарди, недостатокот на активности од страна на Дирекцијата ја загрозува довербата и независноста на институцијата.“

Кратко кажано, Горан Трајковски по панична нарачка на бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески, се обидува да го скрие криминалот со избирачкиот список. Со ова решение на Дирекцијата, граѓаните повеќе ќе немаат увид во избирачкиот список и нема да можат да пријавуваат неправилности. Со ова решение се потврдува дека најголемиот страв на Никола Груевски се фер и демократски избори.

Јавно ја повикуваме ДИК, да не постапува по ова барање на криминалната банда. Јавно ја повикуваме ДИК, да застане во одбрана на Изборниот законик и да работи согласно законите.

 

 

Одговор на новинарскo прашањe

Ја повторуваме нашата целосна и принципиелна поддршка на работата на Специјалното Јавно Обвинителство. Настаните од вчера се најдобар доказ деканемало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки. Вчерашните настани се најдобар доказ дека Никола Груевски постојано и цело време лаже. Вчерашните настани се најдобар доказ дека сите оние коишто го прекршиле законот ќе одговараат и дека Никола Груевски ќе одговара.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени