mchi

Прес центар

Мираковска: Нов закон во интерес на граѓаните, отпис на каматата за наплата на долгови

dbi

07.06.2018

Прес конференција,
Соња Мираковска, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ
Скопје, 07.06.2018


Со задоволство можам да соопштам дека како парламентарни партии постигнавме консензус за предлагање и усвојување на закон, којшто е од исклучително значење за граѓаните на Република Македонија.

Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, што го предложивме вчера, обезбедува отпис на затезна односно казнената камата, која се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот.

Морам да нагласам дека до ова решение дојдовме по повеќе месечна консултација меѓу пратеничките групи во Собранието, Владата, како и големите доверители, кои на наше инсистирање искажаа подготвеност да излезат во пресрет на потребите на граѓаните, за што ние особено се залагавме.
Предложениот закон предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување.

Станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите. Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат, ниту пак дека има предлози за присилна наплата.

Ова законско решение е дел од политиките што ги спроведува парламентарното мнозинство, а кои значат решавање на проблемите и унапредување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени