mchi

Најнови вести

Средба на генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски со ново избраните координатори на СДСМ на 8-те плански региони

dbi

11.06.2018

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, попладнево, во седиштето на партијата се сретна со новоизбраните координатори на СДСМ на осумте плански региони.

Ова е нов начин на територијално делување на СДСМ, прилагоден на економските и административните развојни цели. Овој начин очекувано е да ја зголеми ефикасноста на партијата и дополниелно да достапноста до граѓаните. Во крајна линија ваквата поставеност ја засилува демократизацијата на партијата, застапувајќи ги планските региони подеднакво.

-СДСМ се обврза да работи за доброто на државата, да ги стави граѓаните во центарот на вниманието, градејќи ја Македонија како едно општество едно семејство, држава за сите. Во таа насока очекувам делување кое првенствено ќе ги има предвид потребите на граѓаните во сите осум плански региони на Македонија. Ја зголемуваме ефикасноста на нашето делување, територијално подеднакво и нашата мобилност, во интерес на граѓаните, но и членовите, поддржувачите и симпатизерите на СДСМ,порача Кирацовски.

Новоизбрани координатори на СДСМ на 8-те плански региони се:

Вардарски регион- Небојша Стојановиќ

Источен - Емил Јорданов

Југозападен - Васко Паскали

Пелагониски - Александар Цуцуловски

Југоисточен - Ацо Киров

Полошки - Благојче Трпевски

Североисточен - Владимир Арсовски

Скопски регион- Александар Бајдевски

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени