mchi

Соопштенија

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат македонската иднина која има поддршка од целиот демократски свет

dbi

13.06.2018

Соопштение за јавност


Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочат туку да дадат поддршка на македонската иднина.

Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија наназад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш - засекогаш.
Целиот демократски свет, САД, Европската комисија, Европскиот парламент, НАТО, Велика Британија, Австрија, Бугарија, упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството на двете земји.

Во интерес на граѓаните е и ВМРО-ДПМНЕ, како и сите политички субјекти во земјава да се обединат околу врвните државни и национални приоритети.

Тоа е поддршка за просперитет на нашата земја, тоа е поддршка за македонската иднина.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.

Христијан Мицкоски треба да покаже зрелост и одговорност и да каже ДА за решението што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!

Да, само заради граѓаните и нивната иднина.

ДА, за македонската иднина!

 

Скопје, 13.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени