mchi

Најнови вести

Кирацовски од Могила, Новаци и Битола: На референдум граѓаните ќе имаат историска шанса, да кажеме ДА за македонската иднина

dbi

14.06.2018

Соопштение за јавност


Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски заедно со орагнизациониот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и во текот на вчерашниот ден ги продолжи интензивните средби со граѓаните ширум Македонија.
Кирацовски беше во посета на Пелагонискиот регион каде што се сретна со граѓани, членови и поддржувачи на СДСМ од Могила, Новаци и Битола.

Во разговорите со граѓаните, Кирацовски зборуваше за спроведените реформи во изминатата година преку кои се обезбедуваат нови инвестиции и работни места, зголемени субвенции, повисоки пензии и повеќе пари кај граѓаните.
Кирацовски се осврна и на историскиот договор меѓу Македонија и Грција со којшто се става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше земјава надолу и придобивките од отворените перспективи, од членството во ЕУ и НАТО, од обезбедениот идентите.

- Пред нас е историска шанса. Граѓаните имаат шанса да испишат нови страници од нашата историја. Заедно да ставиме крај на долгогодишниот спор што ја држеше Македонија во стагнација, што не влечеше надолу и да ја обезбедиме македонската иднина. Имаме историски договор којшто го зајакнува и зацврстува нашиот идентитет, ни ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тоа ќе значи загарантирана стабилност и безбедност, но и нови инвестиции, нови подобро платени работни места. Сето тоа обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин. - порача Кирацовски.
После децениски порази, порача Кирацовски, време е за победи и успеси.

-Цел демократски свет го поздравува постигнатиот договор, упатува честитки за лидерството на двете земји. Тоа е поддршка за просперитет на нашата земја, тоа е поддршка за македонската иднина. Почитувани, Вие, граѓаните ќе го имате последниот збор на реферндум. Затоа, да се сплотиме и да дадеме поддршка на овој договор. Да кажеме ДА за интеграција во ЕУ и НАТО, да кажеме ДА за зацвртусвање на нашиот, македонски идентитет, да кажеме ДА за македонската иднина!, повика Кирацовски.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени