mchi

Прес центар

Костадинов: Иванов го кочи назначувањето амбасадори и прави штета на државата

dbi

28.06.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ
Скопје, 28.06.2018


Почитувани,

Додека Македонија граби напред кон евро-атланските интеграции, со успешна надворешна политика, Ѓорге Иванов го кочи професионалниот развој на дипломатската мрежа.
Поради несериозно и неодговорно однесување на Ѓорге Иванов 20 македонски амбасади ширум светот се без амбасадори.

Лондон, Брисел, Рим, Прага, Стокхолм, постојаните мисии при ОБСЕ во Њујорк, Женева и Виена се само дел од дипломатско-конзуларните претставништва што немаат амабасадори.

Оваа евидентна блокада на назначувањата на амбасадорите е уште една потврда дека Иванов работи спротивно на интересите на граѓаните и нанесува штета на државата.

Очигледно, Иванов дејствува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да ги блокира реформите што се во интерес на граѓаните и државата, да ја блокира македонската иднина.

За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ со вистински политики на владата предводена од СДСМ, заедно со граѓаните, успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината.

Одлуката на ЕУ, Македонија да започне преговори за полноправно членство во 2019 година е потврда за тоа.

Оттука, особено е индикативно дека Иванов ја кочи дипломтаската мрежа во клучните моменти, кога се прават вистински чекори за целосно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ѓорѓе Иванов мора да престане да го блокира процесот на назначување амбасадори и тоа веднаш. Угледот на државата и ефикасноста на македонската дипломатија недозволиво е да трпат штети поради неговото деструктивно однесување.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени