mchi

Најнови вести

Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да го потпише Законот за негова ратификација

dbi

05.07.2018

Прес конференција,

Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата

Скопје, 05.07.2018

 

Почитувани, 

Конечниот Договорот со Република Грција за чија што Ратификација денеска со големо мнозинство се изјаснивме ЗА  е патриотски чин.

Договорот го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО, со еден збор, ја обезбедува македонската иднина.

Македонски народ, македонско оро, Македонец, Македонка....обезбедени еднаш засекогаш.

После 11 години стоење во место, Македонија се врати на вистинскиот, на европскиот пат. Извесно е, добиваме покана за членство во НАТО, имаме датум за почеток на преговори со ЕУ. Конечно ќе станеме дел од европските и светски демократии, кои гарантираат напредок, просперитет, стабилност и безбедност.

Бидејќи Законот за ратификација на овој Договор Собранието денеска го изгласа по втор пат со големо мнозинство, Ѓорге Иванов  е ДОЛЖЕН, ПОВТОРУВАМ Е ДОЛЖЕН да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција.

Никој не е над уставот и законите. Никој нема право да ја кочи македонската иднина!

Во спротивно Иванов ќе направи кривично дело, постапува надвор од неговите надлежности и директно се меша во законодавната власт, односно во работата на Собранието како законодавна власт.

Нема да дозволиме деструктивните сили да ја вратат Македонија назад во мрачното минато на криминал, уназадување, изолација, неизвесност. 

Последниот збор секако ќе го имаат граѓаните на референдум. 

Убедени сме, граѓаните ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина!

 

 

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени