mchi

Најнови вести

Спасовски: Амнестија нема да има, Иванов да го потпише Указот за ратификација на Договорот!

dbi

07.07.2018

Изјава за медиуми,

Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ

Скопје, 07.07.2018

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Денеска разговараме со граѓаните на Гостивар за напредокот на Република Македонија, за просперитетот. Гостивар е градот којшто знае што е сојузништво, пријателство, што значи партнерство и навистина овој период е многу важен Република Македонија да исчекори напред , да биде дел од европските и НАТО интеграциите, да имаме вистински партнери, да имаме сојузници и Република Македонија да напредува.

Навистина мислам дека после многу години тапкање во место, сега е период во којшто граѓаните ја имаат историската шанса да помогнат на Македонија, да помогнат на самите себеси, да помогнат на нашите и своите деца и Република Македонија да биде членка на НАТО и Европската Унија, Република Македонија да има економски присперитет и Република Македонија да има исти вредности, да споделува исти вредности како граѓаните на Европската Унија. И овие процеси никој не треба да ги попречува во овој момент. Сите граѓани треба да се приклучиме заедно во оваа битка за остварување на националните интереси а тоа е членството во Европската Унија и НАТО. 

Од тој аспект сметам дека најголема одговорност треба да имаат политичарите. Најголема одговорност треба да бидат оние коишто се највисоки позиции и од тој аспект го повикувам Иванов да го потпише Законот за ратификација на меѓународниот договор, да и помогне на Република Македонија да исчекори напред и да покаже дека е за иднина на оваа држава и за иднина на нашите генерации.

На крајот, сакам уште еднаш да истакнам за оние коишто деновиве заговараат некакви амнестии. Апсолутно не се боревме за амнестија на криминалот на никого, ние сакаме да има правда за сите, сакаме во едни транспарентни постапки секој да одговара за стореното.  Така што и од овде од Гостивар, упатувам порака дека амнестија нема да има за никого, никој нека не се надева на амнестија, секој нека се соочи со правдата за она што го направил, заради тоа што и тоа е европска вредност. Правда мора да има за сите, и да чекориме цврсто и храбро заеднички, без разлика на национална и на верска припадност во Република Македонија да исчекориме во тој европски пат.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени