mchi

Најнови вести

Конкретни мерки и повеќе пари за рамномерен регионален развој, потпишани 98 проекти во вредност од 4,5 милиони евра

dbi

10.07.2018

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ за 50 отсто ги зголеми средствата за рамномерен регионален развој и веќе се потпишани 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во вредност од околу 4,5 милиони евра.

Генрално, станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти  предложени од општините и планските региони врз основа на нивните приоритети, со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА Програмата на Европската Унија.

Владата предводена од СДСМ продолжува да го стимулира рамномерниот регионален развој преку постојано зголемување на средствата за таа намена.

Со влезот на Македонија во НАТО, како и со отпочнувањето преговори за членство во ЕУ, предвидено е дополнително зголемување на средствата наменети за рамномерен регионален развој, преку отворање на нови фондови и развојни линии преку кои ќе се финансираат проекти во интерес на граѓаните особено во подрачјата со специфични развојни потреби и во руралните населени места.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат развој, економски раст, повеќе пари и квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Скопје,10.06.2018 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени