mchi

Најнови вести

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство остануваат посветени на унапредување на здравствениот систем

dbi

10.07.2018

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство продолжуваат со спроведување на зацртаните реформи што го унапредуваат здравството и условите за работа на медицинскиот персонал.

Подготвена е мапа на јавните здравствени установи со точно утврден недостаток на кадар во секоја јавна здравствена установа. Врз тој основ ќе бидат распишани и конкурсите за специјализација.

Младите лекари се вработуваат веднаш по дипломирањето, а како дополнителен мотив најдобрите 10 студенти во секоја генерација ќе добиваат бесплатна специјализација.

Веќе се покачени коефициентите за дежурства, ноќен труд и дополнителна работа. Лекарите со тоа земаат од 3.000 до 10.000 денари и повеќе поголема плата во споредба со платите што ги земаа пред три месеци. Платите се зголемени од 20 до 40%. Дополнително, од септември следува покачување од 5% на платите на сите здравствени работници во земјава.  

Во септември се предвидува распишување конкурс за државни специјализации со зголемени квоти, а бројот и видот на специјализации ќе биде креиран според процените од терен. Дополнително, за прв пат во Македонија се обезбедија средства за исплаќање на надоместок на приватните специјализанти за нивниот труд и работа во висина од минимално загарантирана плата за општ лекар. Веќе почнаа исплатите за околу 200 специјализанти, а дополнително ќе бидат исплатени уште 92ца кои беа запишани на специјализација со јануарскиот конкурс годинава.

Покачувањето на платите, зголемување на парите за дежурства и ноќен труд, како и едукации и обуки на лекарите од странски експерти се мерки преку кои се прават напори за спречување на одливот на лекари од Македонија. Дополнително, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство напорно работат во подобрување на условите за работа, како и модернизација на образовниот процес, инвестирање во нова и современа опрема и целокупно реформирање на здравствениот систем во Македонија.

 

Скопје,10.07.2018   

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени