mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за да се изберат членови на ДИК, на сите треба да им биде јасно дека амнестија нема

dbi

10.07.2018

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже одговорност и да престане да ги блокира реформите, обидувајќи се да го кочи напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО.

Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои веќе се напишани.

На сите треба да им биде јасно дека амнестија за криминал нема да има.

Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за избори и именувања за да се изберат членови на Државната изборна комисија. Тоа впрочем е предуслов за одржување на референдум за иднината на државата.

Македонија оди напред како модерна, демократска држава пријател на светот и членка на ЕУ и НАТО.

Ниту еден обид на деструктивните сили нема да ја врати државата во времето на изолации, поделби и неизвесност, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина.

 

Скопје,10.07.2018 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени