mchi

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ со години не инвестираше во системот за градобијна заштита, Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за земјоделците

dbi

10.07.2018

Соопштение за јавност

По сите малтретирања, уцени и понижувања што им ги правеше на земјоделците, по аграрниот пустош што го остави зад себе, ВМРО-ДПМНЕ денес нема минимум кредибилитет да зборува за состојбата во землоделството.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на луксуз, барок и криминални тендери, 10 години не беше инвестирано во системите за градобијна заштита и во ниту еден дел од техниката во Управата за хидрометеоролошки работи.

За разлика од криминалното и расипничко владеење на ВРМО-ДПННЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работи на воспоставување целосно нов систем за градобијна заштита. Во таа насока, годинава е инвестирано во три агрометеорлошки станици во државата, нешто што со години не било направено. Во Кочани, Струмица, Градско се инсталирани комплетно нови агрометеоролошки станици, а голем дел од метеоролошките станици на УХМР кои со години беа запоставени сега се реконструирани.

Лажните вести информации се единствениот начин на дејствување на ВМРО ДПМНЕ. Не е точно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека мерката за покривање на 60 отсто од трошоците за осигурителни полиси е укината. Мерката ќе продолжи да постои,  сите земјоделци што ги исполниле условите за оваа мерка се веќе исплатени.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, партијата на којашто и е битна само одбраната на  криминалнот, СДСМ преку Владата што ја предводи покажува вистинска грижа за земјоделците и работи исклучиво на унапредување на земјоделството како една од најзначајните стопански гранки на Република Македонија.

 

 

Скопје, 10.07.2018   

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени