mchi

Најнови вести

Ако на ВМРО-ДПМНЕ му е гајле за граѓаните тогаш наместо да брани криминал, ќе ја поддржи македонската иднина

dbi

11.07.2018

Соопштение за јавност


Се потврди кој навистина се грижи за граѓаните и за иднината на Македонија. Владата предводена од СДСМ за само една година ја надмина децениската состојба на изолација стагнација поделби и неизвесност.

Постигнат е историски договор за спорот со Грција. Македонскиот идентитет е загарантиран и потврден, македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена.

Нема повеќе ФИРОМ, нема оспорување на идентитетот, нема стагнација и изолација.

ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи: или е за напредок или е за назадување.

ВМРО-ДПМНЕ да се одважи, Македонија ќе успее сега или никогаш.

Дали ВМРО-ДПМНЕ е за успех или за изолација? Ако е за успех, тогаш ВМРО-ДПМНЕ да каже да за македонската иднина во ЕУ и НАТО, да каже да за загарантиран македонски идентитет и посебност. Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ осстанува партија којашто брани криминал и работи на штета на државните и националните интереси.

Ако на ВМРО-ДПМНЕ му е гајле за државата и нејзините граѓани, тогаш треба да ја поддржи иднината на Македонија во НАТО и ЕУ.

 

Скопје, 11.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени