mchi

Најнови вести

Поканата за влез во НАТО е историски успех, Македонија оди напред!

dbi

12.07.2018

Соопштение за јавност


Остварен е уште еден историски успех на Македонија и нејзините граѓани. Република Македонија доби покана за влез во НАТО.

СДСМ им честита на сите граѓани. Заедно успевме. Вратите на Алијансата се отворени, обезбедено е местото на Македонија во НАТО.

Влезот во НАТО е остварување на врвните стратешки цели на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се оставруваат децениските заложби на претходните и сегашните генерации, се обезбедува стабилноста, развојот и иднината на наредните генерации.

Членството во НАТО не значи само обезбедена сигурност и стабилност, тоа значи и повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

После години изолација, неизвесност и стагнација, денес вратите за членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ се отворени, македонскиот идентитет и иднина се обезедени. Македонија станува дел од семејството на кое му припаѓа.

Добар глас за нашата земја се шири низ демократскиот свет. Позитивните вести за Македонија се на насловните страници на светските медиуми и влијателните новинарски агенции.

Успехот на Македонија е препознаен и признаен.

Македонија оди напред!


Скопје, 12.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени