mchi

Најнови вести

Локвенец: Силна поддршка за процесите кои водат до членство на Македонија во НАТО

dbi

12.07.2018

Прес конференција,
Хари Локвенец, пратеник на СДСМ и коалицијата
Скопје, 12.07.2018


Почитувани граѓани,

Ви честитам на историскиот успех, Македонија доби покана за влез во НАТО.

Се остваруваат врвните стратешки интереси на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се реализираат децениски заложби на нашите граѓани, на сите досегашни влади и собраниски состави.

Лидерството на Македонија е препознаено, успехот е соодветно вреднуван. Македонија станува триесетта членка на НАТО, македонското знаме ќе се вее на 30тиот јарбол пред седиштето на НАТО во Брисел.

Членството во НАТО не само што обезбедува загарантирана безбедност и сигурност, туку отвора пат до нови фондови, зголемена конкурентност, носи повеќе инвестиции, нови работни места, а со тоа и поголем квалитет на животот на сите граѓани во Република Македонија.

Како пратеници, остануваме силно посветени на евроинтегративните процеси што обезбедуваат полноправно членство во ЕУ и НАТО. За таа цел, Комисијата за одбрана и безбедност, денес донесе едногласен заклучок, на Собранието да му предложи Декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. Очекуваме дека оваа Декларација, ќе биде со акламација усвоена на седницата, следниот вторник на 17 јули.

Почитувани,

По децениско уназадување, денеска гордо кажуваме дека Македонија оди напред и враќање назад нема.

Македонија станува држава пример за решавање на отворени прашања и проблеми, држава пример за интеграција, партнерство и сојузништво со демократскиот свет.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени