mchi

Прес центар

Договорот го зајакнува македонскиот идентитет и носи подобар живот за сите, преку членство во ЕУ и НАТО

dbi

08.08.2018

Прес конференција,
Славица Шуманска -Митева, пратеничка
Виница, 08.08.2018


Почитувани граѓани,

Од овде, од Виница, ве повикувам заедно да ја обезбедиме македонската иднина, иднината на нашата земја.
Да се обединиме и заедно да ја донесеме одлуката на 30-ти септември.

Да ја искористиме историската, фер шанса за сите граѓани на Македонија и на референдум да го расчистиме патот на нашата земја за влез во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет.

Со постигнатиот македонско-грчки Договор носиме подобар живот за сите граѓани, и овде во Виница, во Источна Македонија, но и во целата наша држава.
Истовремено, со Договорот го чуваме богатото културно и историско наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна.

Договорот го гарантира нашето право да се определуваме како Македонци. Ставаме крај на вековните оспорувања и врз славното минато ја градиме иднината.
Според членот 1 од договорот, официјалниот јазик на нашата држава е „македонски јазик“ со што нашиот македонски јазик е потврден, еднаш-засекогаш.

Државните симболи, химната, грбот, знамето, не се менуваат.
Со Договорот ја тргаме последната препрека, добиваме покана за членство во НАТО. Ни се гарантира сигурност, безбедност и стабилност, на сите наши граѓани, на целата наша територија.
Наскоро започнуваме преговори за членство во ЕУ.

Почитувани граѓани,

После 11 години стагнација, уназадување и изолација, сега Македонија е на вистинскиот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ, со обезбеден македонски идентитет.
Македонија вредносно, цивилизациски припаѓа во семејството на развиените и напредни држави.

Придобивките од овој Договор се огромни. Поддршка за него како и за референдумското изјаснување за иднината на Република Македонија е највисок патриотски чин.

Затоа на 30 септември, масовно и достоинствено да кажеме ДА за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот.

Да кажеме ДА за македонската иднина!

Им го должиме тоа младите, на сегашните и идните генерации.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени