mchi

Најнови вести

Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО,ВМРО ДПМНЕ одбива да се изјасни за иднината

dbi

09.08.2018

Соопштение за јавност

 

Војниците беа 11 години заборавени од ВМРО-ДПМНЕ, која заглавена во криминал мислеше само како да ги наполни џебовите на фамилијата.

По промената на власта, платите во Армијата се зголемија за прв пат во последните неколку години, се води грижа за животниот стандард на АРМ, се набавуваат нови униформи, се инвестира во добро опремена и подобро платена армија.

Македонија го смени курсот, од земја во изолација се врати на патот на интеграциите и ги исполни стратешките приоритети за членство во НАТО и ЕУ.

Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО ДПМНЕ држи срамни прес конференции, полни со невистини и одбива да се изјасни за иднината на земјата.
И Министерството за одбрана и Министерот без ресор, Шапуриќ, во неколку наврати ги демантираа лагите што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги пласира.

Лагите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат нервозата од добиената покана за членство во НАТО, нервоза од промените кои што се случуваат и успехот на Македонија.

Наместо да шири лажни вести ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е за македонската иднина која носи членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет или останува заглавена во изолација.

 

Скопје, 09.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени