mchi

Соопштенија

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот, изборот е светла иднина или темно минато

dbi

10.08.2018

Соопштение за јавност


Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја своја програма ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за решението на спорот со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.

Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски Договор кој носи членство во НАТО и ЕУ со зачуван идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став.

Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство е штетно за државата и за сите нејзини граѓани.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат за референдумот и јасно да сопштат за што се.

Дали се за светла иднина или за темно минато?

Дали се членство во НАТО и ЕУ или амнестијата на криминалот им е поважна од се?

Ако се за иднина, ако се членство на Македонија во ЕУ и НАТО ракводстворо на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да ги повика своите членови да гласаат на референдумот.

Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација.

СДСМ заедно со сите политички субјекти и прогресивни сили кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.

На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина.

 

Скопје, 10.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени