mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години поттикнуваше криминал и корупција, Владата предводена од СДСМ се бори со корупцијата

dbi

10.08.2018

Соопштение за јавност


Забелешките во однос на корупцијата се должат на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое допринесе корупцијата да се распространи до невидени размери.

Враќањето на правото и правната држава и неселективната борба против криминалот и корупцијата се императив за СДСМ и владата постапува по сите препораки во нејзина надлежност за тие ќе бидат имплементирани.

Цели 11 години криминалот на режимот беше целосно под заштита од институциите на системот. За да се прикрие криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше дури и Комисијата за спречување на корупцијата.
Така партизирана, Комисијата не само што ја уништи оваа институцијата туку допринесе дополнително да се рашири корупцијата. Граѓаните паметат дека за претседател на ДКСК беше назначен Игор Тантуровски, донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се борите против корупцијата со партизирана антикорупциска комисија.

Токму криминалот на фамилијата во тие 10 години ја смести земјата во групата на земји коишто имаат сериозен проблем со корупцијата. Македонија го делеше 66 место, со Сао Томе и Принципе во извештаите на Транспаренси.
Граѓаните слушнаа од политичките бомби како Груевски и Јанакиески договараат милионски провизии само за еден пат.

Фирми на Белизе и рајски шеми за испумпување на парите на граѓаните и богатење на фамилијата беше синоним за криминалот и корупцијата цели 11 години.
Тендерот за Трансмет во вредност од 17 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола е само еден од низата примери за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги испумпуваше парите на граѓаните.

Пресудата за овој случај, како и бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија сега се движи во правец на одговорно, отчетно и транспарентно владеење со почитување на прописите и законите. Владата предводена од СДСМ за само една година станува најтранспарентната Влада во регионот.

Интензивно се работи на препораките на ГРЕКО, дел од оние препораки што се во надлежност на Владата се исполнети, дел се во фаза на исполнување. Препораките ќе се имплементираат како што е посочено.

 

Скопје, 10.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени