mchi

Прес центар

Членството во ЕУ ги зголемува инвестициите, носи нови работни места и повисок животен стандард

dbi

26.08.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник во од СДСМ и коалицијата,
Струмица, 26.08.2018


Почитувани граѓани,

Доаѓа време за нова одлука, кога треба да го направиме следниот чекор од овој вистински пат по којшто се движи Македонија.
Имаме историска можност на престојниот референдум да излеземе и заедно да избереме сигурна иднина.
Македонско-грчкиот договор ширум ги отвора европските перспективи, обезбедува членство во Европската унија и НАТО со загарантиран македонски идентитет.
Со членството во Европската унија значителноќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Тоа значи многу повеќе пари и за нови патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици, за нови училишта, градинки.

Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, а македонските прозиводи стануваат рамноправни на големиот европски пазар.
Досегашните искуства на земјите од регионот покажуваат дека по влезот во ЕУ, економскиот раст се интезивира, невработеноста се намалува, а расте извозот и бројот на нови работни места.
Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.

На пример бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23%, на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска, по членството во ЕУ.
Почитувани граѓани,
Членството во ЕУ и НАТО носи огромни придобивки за сите нас.
Да излеземе на рефереднумот и заедно, обединети, да ја обезбедиме македонската иднина како рамноправна членка во ЕУ и НАТО, со зајакнат и заштитен македонски идентитет.

На референдумот на 30 септември да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет, да кажеме силно ДА за европска држава, ДА за македонската иднина!

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени