mchi

Прес центар

Манчевски: Не се заборава насилството од 27 април, никој да не се најде во таква ситуација

dbi

31.08.2018

Одговори на новинарски прашања,
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ,
Скопје, 31.08.2018


Медиуми: Господин Манчевски денеска одговаравте на прашањата и на обвинителката и на адвокатите и обвинетите, дали Игор Југ беше лицето кое што го видовте во Собранието со ладно оружје?

Значи како што кажав и внатре се работи за оружје, не реков ладно оружје, реков оружје коешто како што и тогаш кажав во исказот тоа го повторив и денеска. Беше дел од големата толпа на луѓе за кој што денеска бевме конечно повикани како сведоци да сведочиме за тоа што се случи пред повеќе од една година.

Медиуми: Како беше да се соочите со Игор Југ, бидејќи тој сам се пријави дека тој бил човекот којшто сепак посегнувал по задниот дел од телото, вие не го именувавте, како беше да се соочите, тој се сомневаше во вашиот исказ дека тоа што сте биле повреден, ви бил скршен носот, сте биле под закана за вашите деца, се сомневате ли вие во тоа што го видовте?

Апсолутно не, и такви работи не се забораваат. Навистина не посакувам никому да биде во таква ситуација со скршен нос да провери колку може да види или да не гледа нешто.

Медиуми: Споменавте дека сте купиле чадор од тој што сте повреден?

Да, еден од толпата, некои 40-тина минути ме маваше со чадор, првата понуда беше 300 денари, не ја прифати, за на крај за 1000 денари да го даде чадорот и ја напушти просторијата.

Медиуми: Во однос на Собраниското обезбедување, дали тоа сепак ве штитеше или не, тука беа и оние вкрстени прашања коишто и еден од обезбедувањето ви ги поставуваше, дали сепак во некои моменти ве штитеше ова обезбедување?

Некои од луѓето во одредени моменти да, меѓутоа апсолутно не беа организирани, не беа доволно и не беа на висина на задачата. И го кажав тоа и за време на сведочењето, навистина сметам дека ако полициските сили беа организирани надвор немаше да бидат вака оставени сами на себе луѓето од Собраниското обезбедување коишто сметам и за нив дека можеа да направат повеќе.

Медиуми: Што чувствувавте кога ги гледавте на телевизиските екрани снимките како толпата влегува во Собранието, и кога сте го чуле звукот на кршење и чекори по скалите?

Веројатно беше основното чувство да се организираме да се спасиме, и тоа почнавме да го правиме со тоа што прво се обидовме да ги симнеме пратениците што беа горе на галеријата да не случајно налетаат на толпата и некој да падне долу, немаше многу време искрено за размислување затоа што се се случуваше многу брзо, тоа беше и проблемот, дека луѓето веднаш влегоа во Собранието непречени од никого.

Медиуми: Сега бевте повикан како сведок, но вие сте и оштетен во овој случај, кога очекувате судска разврска?

Навистина не знам, тоа е прашање до Судот.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени