mchi

Најнови вести

На 30 септември сите заедно да заокружиме ЗА, за иднината на европска Македонија

dbi

13.09.2018

Соопштение за јавност

„Нашата заедничка одлука на 30 септември ќе го обезбеди нашето место во ЕУ и НАТО. Во најмоќната економска заедница на светот – ЕУ. Во најсилниот воен сојуз на светот – НАТО. Заедно ќе влеземе во НАТО и во Европската Унија. Има ли почитувани граѓани поубава слика од таа: Да го гледаме македонското знаме еднакво високо и развиорено до знамињата на економски најмоќните земји членки на овие два сојузи“, рече вчера вечер во Куманово Премиерот и Претседател на Социјал – демократскиот сојуз, Зоран Заев.

Истакнувајќи ја својата благодарност до припадниците на помалите етнички заедници во Куманово за разбирањето при постигнувањето на договорот со Грција, Премиерот Заев посочи дека како што се борел да се зачува македонскиот идентитет подеднакво силно ќе се борел и за зачувување на идентитетот на сите етнички заедници доколку истиот бил загрозен.

Синоќа во Куманово Премиерот и Претседател на СДСМ уште еднаш ги повика и младите луѓе да бидат будни и гласни и секако да се вклучат во носењето на новата историска одлука, којашто ќе го исцрта нивниот животен пат.

„Ве повикувам драги млади, драги граѓани на европска Македонија, ајде да избереме семејство, европско и стабилно семејство во кое сме безбедни, заштитени и во кое имаме сојузници со кои заедно ќе одиме напред. Секој ден понапред, кон јасна иднина. На референдумот на 30 септември секој ваш глас е важен и потребен“, им порача на младите Премиерот Заев.

Говорејќи за придобивките од зачленувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО, Премиерот Заев потенцираше дека кога земјата ќе стане дел од двата големи сојузи високите стапки на невработеност ќе станат минато, како примерот на другите земји од соседството кои се дел од НАТО и од Унијата. Исто така, Премиерот Заев додаде дека Македонците и македонскиот јазик се впишуваат во ризницата на светските народи и јазици и дека македонскиот јазик ќе стане составен дел и од европскиот идентитет, во заедницата од 500 милиони луѓе.

„Со одлуката на референдумот ја заокружуваме нашата одговорност – лична, граѓанска и политичка, за иднината за Европска Македонија.

Тоа е таа одговорност која никој не ја презеде речиси три децении. И сето тоа го правиме заедно со граѓаните. Ветивме дека конечниот збор ќе го имаат граѓаните. На референдум

. Еве го исполнуваме и тоа ветување. Вие, граѓаните ќе одлучите за нашата иднина. На денот за промени и за иднината на Република Македонија, вие ќе изберете иднина за вашите деца. И ќе кажете едно силно ЗА, за иднината, силно ЗА, за Македонија членка на ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев пред граѓаните на Куманово.

„Вистински патриот го почитува минатото на својата земја, но неговиот поглед е фокусиран во иднината. Нашата генерација ја има таа чест. Имаме чест да се избориме со глас. На 30-ти септември да излеземе сите на гласање. Да гласаме ЗА, да се вратиме дома, да ги гушнеме нашите деца и да се гордееме со одлуката што сме ја донеле заедно за нашите деца и генерациите што доаѓаат после нас“, порача премиерот Заев на собирот во Куманово.

На кумановчани синоќа порака им испрати и градоначалникот Максим Димитриевски. „Државата ни е создадена во наша близина, во Прохор Пчински и тие што ја создадоа ни оставија обврска да ја чуваме. На 30 септември имаме историска одговорност и шанса да го сториме тоа“, рече Димитриевски.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени