mchi

Најнови вести

Време е за историска одлука, вратите на ЕУ и светот се отворени, да зачекориме низ нив

dbi

13.09.2018

Соопштение за јавност

Време е за историска одлука, вратите се отворени, да зачекориме низ нив – Шекеринска во посета на Виница

Денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска беше во посета на Виница, каде се сретна со градоначалникот Ивица Димитров, а разговараше и со граѓаните кои имаа локален собир во околниот манастир.

Министерката во изјава за медиумите пред манастирот „Св.Спас“ рече дека зборови на поддршка доаѓаат и од пензионерите, луѓето кои го поставија темелот на Република Македонија.

„Токму пензионерите, оние кои што ја граделе и ја изградиле Република Македонија и посакуваат на својата држава да оди напред. И посакуваат да оди напред и да им овозможи на нивните деца и внуци да живеат во подобри услови, да живеат во услови кои што се еднакви како во земјите-членки на Европската Унија. Јас денеска овде видов неподелена поддршка на историската одлука која што граѓаните на Република Македонија ќе ја носат на 30 септември“, рече Шекеринска.

Министерката истакна дека светот покажа дека вратите за Македонија се отворени, а Македонија покажа дека може да се смени и од заробена држава да стане држава која е слободна и која ги решава проблемите, а не ги одложува.

„Посетата на сите клучни фактори од меѓународната заедница покажа дека Македонија има пријатели и дека овие промени во Македонија се ценат. Наше е да ја искористиме оваа шанса. Денеска навистина ми е чест и задоволство што можев да го видам нашиот македонски премиер, Зоран Заев како во европскиот парламент пред сите претставници на земјите членки на ЕУ говори за Македонија, говори на македонски јазик, говори за нашите национални и стратешки интереси. Навистина е задоволство кога после години криза кога Македонија се споменуваше само по лошо, денеска видовме дека Македонија добива аплаузи во клучната европска институција“, рече Шекеринска.

Министерката ги повика сите граѓани да ја искористат шансата, да излезат на референдум зашто иднината на Македонија ќе ја одлучат токму тие кои ќе излезат да гласаат. Таа додаде дека ова не е момент граѓаните да се изјаснуваат според партиските книшки, туку единствено имајќи ја на ум татковината и нејзините интереси.

 „Да ја искористиме таа шанса и да овозможиме Македонија многу брзо да стане членка на НАТО и веднаш и да ги почне преговорите со ЕУ. На таков начин ќе ги задржиме нивните деца и внуци овде, ќе ги убедиме дека европски живот може да се гради и тука во Република Македонија“, заклучи министерката Шекеринска во Виница.

Денешниот престој во Виница Шекеринска ќе го продолжи со средби со граѓаните и прошетка низ градот.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени