mchi

Најнови вести

Владата предводена од СДСМ и претседателот Заев се посветени на градењето социјална држава и обезбедување на повисоки плати за сите

dbi

13.09.2018

Соопштение за јавност

Премиерот Зоран Заев и претседател на СДСМ е одлучен и посветен на градењето социјална држава и еднакво општество за сите, а грижата за стандардот на работниците е главен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Поддршката за домашните претпријатија од страна на државата е силен поттик за менаџерите на компаниите да ги покачат платите на работниците. 

Само мотивирани работници може да ја креираат економијата, да бидат нејзин двигател. Само така можеме да обезбедиме квалитетен живот, достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, напредна и просперитетна Македонија.

Целта е една. Да растат платите и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари. Претседателот Заев ќе продолжи да биде мотиватор и поддржувач на работниците во борбата за обезбедување подобри работнички права и повисоки плати.

 

Скопје,13.09.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени