mchi

Најнови вести

Да ја искористиме историската шанса за да ја обезбедиме иднината, да гласаме ЗА европска Македонија

dbi

13.09.2018

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ и потпретседателка на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски денеска беше во посета на општина Лозово каде што се сретна  со жителите од оваа општина и разговараше за придобивките од членството во Европската унија и НАТО сојузот.

,,Пред нас е историска шанса за нашата држава и нас како нејзини граѓани. Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ и да застане рамо до рамо, со најсилните земји во светот. Да и го осветлиме патот на нашата татковина и на нашите сегашни и идни генерации. Европа и светот ги отворија вратите за Македонија. Целиот демократски свет се обедини во мисијата Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО“ истакна  потпретседателката на Собранието на Република Македонија Ременски.

Најважно од се, додаде Ременски, е тоа што во големите семејства на ЕУ и НАТО влегуваме со  зачуван и зајакнат македонски идентитет, македонски јазик и македонска посебност и тоа никој повеќе нема да ни го оспорува или негира. 

Потпретседателката Ременски упати повик до сите граѓани да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат ЗА европска Македонија.

„Вистински патриотизам денес е да се искористи шансата за да ја обезбеди иднината. Да излеземе на 30 ти септември и да заокружиме ЗА, да кажеме ДА за европска Македонија!“ повика Ременски.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени