mchi

Прес центар

Мицкоски повторно бара амнестија за Груевски, постапува против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО

dbi

02.10.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 02.10.2018


Почитувани граѓани,

Измислувањето нови барања од страна на Христијан Мицкоски, како она за нов Јавен обвинител, е уште еден обид за барање амнестија за криминалите на Никола Груевски.

Во клучен период за иднината на државата, Мицкоски уште еднаш покажува дека не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Единствено Мицкоски се грижи за амнестијата на неговиот Никола Груевски.

Мицкоски сака да ја загрози иднината на Македонија со постапки кои се против интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски, исто како и Ѓорге Иванов е под контрола на Груевски.

Мицкоски, Иванов и Груевски треба да знаат дека нема амнестија за никого. Секој кој постапувал незаконски ќе мора да се соочи со одговорност.

Колку и да се обидува, Мицкоски нема да ја закочи иднината на Македонија.

Волјата на граѓаните на референдумот е јасно изразена, граѓаните се за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

Должност на сите политичари, вклучително и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

Наместо да бара амнестија, Мицкоски да побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани, да ги забрзаме процесите за конечно членство во ЕУ и НАТО.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени